Македонски Односи со јавност Активности на министерството Демант до дневниот весник „Дневник“

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Демант до дневниот весник „Дневник“ Верзија за печатење
19.09.2008

Почитувани,

Во врска со коментарот во дневниот весник „Дневник“, објавен на ден 17.08.2008 година, број 3771, страна 13, под наслов „Реформа про форма“, од новинарката Анета Тодевска,  Министерството за образование и наука  упатува ДЕМАНТ до весникот „Дневник“, за изјавеното во текстот.

„За ветениот бесплатен превоз се уште се чека на податоци за бројот на ученици и одалеченоста на училиштата„.

Во врска со гореизнесеното Министерството за образование и наука ја информира јавноста дека на 17.09.2008 година беше потпишан Меморандум за соработка за превоз на ученици од и до средните училишта помеѓу Министерството за образование и наука и претпријатијата кои вршат јавен превоз во Скопје и на подрачјето на цела Македонија. Со овој документ и официјално се реализира бесплатниот превоз за средношколците од прва година, запишани во некои од средните училишта и гиманазии на ниво на Република Македонија. Уште пред потпишување на Меморандумот средношколците го користеа бесплатниот превоз со потврдата за редовен ученик која ја добиваа од училиштата.   

„Се направи збрка и со (не)плаќањето на партиципацијата во средните училишта„.

Во врска со партиципацијата, во стариот Закон за средно образование (објавен во Службен весник бр. 52/02 од 11.07.2002 година), во член 113 став 1 алинеја 1 стои „Јавните училишта можат да стекнуваат сретства и од: -партиципација на корисниците на услуги“. Според измените и дополнувањата на Законот за средно образование (објавен во Службен весник бр.49 од 18.04.2007 година), во член 2 стои дека „Во членот 113 став 1 алинеја 1 се брише“.  

„Во почетокот верското образование беше замислено како можност родителите да изберат веронаука или запознавање со религиите.“ „Како и секогаш кога кај нас се дава избор, предметот што беше префериран од власта им е наметнат без пардон на сите„.

Од оваа учебна година, а согласно новиот Закон за основно образование, воведено е верско образование како изборен предмет. Алтернативна на веронауката во овој момент е запознавање со религиите. Согласно Законот, родителите избираат кој од овие два предмети ќе го изучуваат нивните деца.

„Прво доцнеа учебниците. Дел од нив учениците ги добија, но за шесто одделение се уште се чекаат,...“.

За разлика од лани, оваа учебна година првачињата ја почнаа со комплет учебници. Исто така и учениците од повисоките одделенија наставата ја реализираат со учебници за соодветното одделение. Во врска со учебниците за шесто одделение,  процедурата е во завршна фаза и учебниците наскоро ќе излезат во печат.  Ова беше една од причините што Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука го изготвија новиот Закон за учебници за основно и средно образование (објавен во Службен весник бр.98/08 од 04.08.2008 година).

 

Одделение за односи со јавност