|
Честитка на министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски упатена до првачињата во Република Македонија по повод почетоткот на учебната година |
|
|
01.09.2008 |
|
Драги првачиња, Денешниов прв училишен ден за вас е значаен. Чувството дека пред вас се отвора непознатиот простор на одговорност, секако ве возбудува но, добро е да знаете дека училиштето, всушност, е голема игротека, бројките и буквите – најинтересните играчки. Вашите учителки и учители ќе ве учат како се игра играта наречена знаење, единственото нешто, кое ќе ви овозможи, кога ќе пораснете, да го разберете светот и да го направите пријатно место за живеење. Ви посакувам многу успех во вашата нова игра наречена училиште.
|