|
Средба на министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски со членови на Детската организација на Македонија |
|
Министерството за образование и наука, Ве информира дека на 09.10.2008 година, по повод Детската недела, Министерот за образование и наука г-дин Перо Стојановски, се сретна со преставници од децата членови на Детската организација на Македонија. Оваа организација функционира во рамките на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија. На средбата, членовите на Детската организација се запознаа со Министерот и разговараа на различни теми кои се однесуваат на децата. фотогалерија
|