Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука Ве известува дека во академската 2006/2007 година се запишале 8847 бруцоши, а во академската 2007/2008 година, се запишале вкупно 12700 бруцоши.
Во оваа академска 2008/2009 година, по вториот уписен рок, се запишаа вкупно 16192 бруцоши што претставува 78% од вкупниот број на завршени средношколци во оваа учебна година.