|
Соопштение на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола |
|
Почитувани, Универзитетот Св Климент Охридски - Битола Ве известува дека почетокот на новата академска година успешно се реализира на седумте факултети Техничкиот во Битола, Економскиот во Прилеп, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Педагошкиот во Битола, Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола, Факултетот за биотехнички науки Битола ,Факултетот за безбедност во Скопје и Високата медицинска школа во Битола. Исто така Ве известуваме дека, Владата и Универзитетот ги реализираат завршните подготовки за успешно започнување со работа на двата нови факултети во академската 2008/2009 година на кои што наставата ќе започне во втората половина на овој месец. Запишаните студенти навремено ќе бидат известени за точниот датум за започнување со наставата на Технолошко-техничкиот во Велес и Правниот факултет во Кичево. На Универзитетот Св Климент Охридски -Битола во двата уписни рока запишани се околу 2800 студенти. Пријавувањето за пополнување на слободните места во третиот уписен рок ќе се реализира на 6-ти октомври. Со срдечна благодарност и почит, Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Извор: Универзитет Св. Климент Охридски - Битола
|