|
Листа на предмети од државната матура за упис по Факултети во Југоисточно Европскиот Универзитет во Тетово |
|
Почитувани, Во врска со листата на предмети за упис по соодветни факултети на нашиов Универзитет, а имајќи предвид дека стапи на сила новиот Закон за високо образование („Службен весник на РМ“ бр. 35/08) во кој се појаснети начините за упис на студенти во високообразовните институции во Република Македонија, а и по учеството во дебатите за појаснување на сите аспекти за реализација на Државната матура, следејќи ги заедничките залагања на сите универзитети за соодветно имплементирање на измените и дополнувањата од „Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во РМ“ во делот на уписната политика, нашиов Универзитет ги разгледа аспектите од „Правилникот за начинот на полагањето и оценувањето на резултатите на учениците на испитите во државна матура во гимназиското и во средното стручно образование“. Во контекст на усогласување на критериумите по одделни студиски програми при факултетите на нашиов Универзитет, Советот на Југоисточноевропскиот универзитет во Тетово, во процесот на хармонизација на актите и на стандардите со новиот Закон за високо образование, следејќи ги и измените направени во листата на предмети за упис по факултети од другите Универзитети, предлага измени и дополнување на Листата на предмети од Државната матура за упис по факултети на Југоисточноевропскиот универзитет во Тетово (согласно со моделот на Универзитетот „Гоце Делчев“ за сродните студиски програми) која е приложена во табелата во прилог, во формат кој веќе е објавен. Ве молиме да ги инкорпорирате овие измени и дополнувања во релевантите документи за навремено информирање на сите заинтересирани во врска со условите за Упис при нашиот Универзитет. Со почит, Проф. Д-р. Алајдин Абази, Ректор ЈИЕ Универзитет Тетово | Универзитет | Факултет | Екстерен испит | Интерни испити | | Југоисточен Европски Универзитет - Тетово | Правен | Странски јазик или математика-основно ниво | (за гимназии) -кандидатите избираат два општообразовни предмети* (за средно стручно) 1 општообразовен предмет + 1 стручен предмет по избор според образовниот профил на кандидатот | | | Јавна администрација и политички науки | Странски јазик или математика-основно ниво | (за гимназии) -кандидатите избираат два општообразовни предмети* (за средно стручно) 1 општообразовен предмет + 1 стручен предмет по избор според образовниот профил на кандидатот | | | Бизнис администрација | Странски јазик или математика-основно ниво | (за гимназии) -кандидатите избираат два општообразовни предмети* (за средно стручно) 1 општообразовен предмет + 1 стручен предмет по избор според образовниот профил на кандидатот | | | Современи науки и технологии | Странски јазик или математика-основно ниво | (за гимназии) -кандидатите избираат два општообразовни предмети* (за средно стручно) 1 општообразовен предмет + 1 стручен предмет по избор според образовниот профил на кандидатот | | | Факултет за јазици, култури и комуникација | Странски јазик или математика-основно ниво | (за гимназии) -кандидатите избираат два општообразовни предмети* (за средно стручно) 1 општообразовен предмет + 1 стручен предмет по избор според образовниот профил на кандидатот | * Листите со општообразовни и стручни предмети од кои кандидатите избираат се наоѓаат во прилозите на Концепцијата за матура и за завршен испит на www.bro.gov.mk
|