Македонски Односи со јавност Предлог Закон за основното образование

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Предлог Закон за основното образование

За интензивно и успешно спроведување на реформите во основното образование, како и заради усогласување со законодавството на Европската унија, Министерството за образование и наука подготви нов Закон за основното образование. 

При изготвување на Законот за основното образование разгледани се повеќе компаративни модели и релевантни меѓународни стандарди од оваа област, како и анализи на домашни и странски експерти. Тргнувајќи од состојбите во основното образование и реалните просторни, кадровски и економски услови во Република Македонија, донесувањето на  нов Законот за основното образование ќе го подобри квалитетот на основното образование и ќе ја зголеми грижата за развојот на учениците од самиот почеток, како и во текот на нивното целокупно образование во основното училиште.

Со Законот за основното образование целите на воспитанието и образованието се усогласуваат со новите барања на современото основно образование според општите културни и цивилизациски вредности, современите информациско-комуникациски технологии и научните сознанија и достигнувања.

Поради тоа Министерството за образование и наука изготви нов Закон за основното образование и го стави на увид на интернет страната (Симнете го текстот на Предлог законот). Ги очекуваме  вашите мислења и забелешки на This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it .

Благодариме.