|
Известување за одржување на КОСТ ден Македонија |
|
|
04.03.2008 |
|
Ве известуваме дека на 5 март 2008 година во 09:00 часот, во Скопје во соработка со Секретаријатот и канцеларијата на КОСТ во Брисел, во Ректорската Зграда на Универзитетот "Кирил и Методиј"- Скопје ќе се одржи КОСТ Ден за Македонија. КОСТ претставува Европска соработка на полето на науката и технологијата каде членуваат повеќе од 35 европски земји, вклучувајќи ја и Република Македонија, на која и се додели статус на земја членка во 2002 година. На почетокот на овој важен настан, на високтите гости од странство и од земјава, ќе им се обрати Министерот за образование и наука Г-дин Сулејман Рушити. Се покануваат сите медиуми Одделение за односи со јавноста
|