|
Известување за присуство на Министерот на 14-тата заедничка средба на CEEPUS Министрите |
|
|
29.02.2008 |
|
Денеска, на 29-ти Февруари 2008 година во Софија, Република Бугарија ќе се одржи 14-тата заедничка средба на CEEPUS министрите. Домаќин на овогодишната средба е Министерот за образование и наука на Република Бугарија. На истата учество ќе земат CEEPUS министрите од земјите потписнички на CEEPUS II Договорот, меѓу кои и министерот за образование и наука на Република Македонија г-дин Сулејман Рушити. Работниот наслов на оваа средба е “ Од размена до истражување II” , што претставува подготовка за CEEPUS III проектот. Тема на оваа средба ќе биде и усогласувањето на деталите во однос на ревизијата и продолжувањето на CEEPUS II Договорот, кон којшто Република Македонија пристапи во ноември 2005 година, заедно со земјите од Централна и Југоисточна Европа. Од тогаш во рамки на Министертството за образование и наука функционира Националната CEEPUS канцеларија.
|