|
Краен рок за потпишување договори за студентска стипендија и студентски кредит |
|
|
21.02.2008 |
|
Министерството за образование и наука ги известува сите студенти кои досега не потпишале договор за студентска стипендија или студентски кредит согласно Конкурсот за доделување студентска стипендија или студентски кредит за учебната 2007/2008 година, истото можат да го направат најдоцна до 25.02(понеделник) 2008 година. Доколку не бидат потпишани договорите во предвидениот рок истите ќе бидат неважечки и ќе сметаме дека студентите се откажуваат од добиената студентска стипендија, односно студентски кредит.
|