|
НОСТРИФИКАЦИЈА И ЕКВИВАЛЕНЦИЈА НА СВИДЕТЕЛСТВА ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗДОБИЕНИ ВО СТРАНСТВО Државјани на Република Македонија кој во странство завршиле основно образование или средно образование,односно поодделно одделение или година ,имаат право да бараат нострификација или признавање на еквиваленција,согласно Законот за основното образование и Законот за средното образование ( Сл. весник на РМ,, бр. 52/2002),доколку со меѓународните договори поинаку не е определено. Странски државјани и лица без државјанство имаат право да бараат нострификација или признавање на еквиваленција на свидетелства здобиени во странство. Кон барањето за нострификација се доставува оригиналот издаден од верифицирано странско уцилиште и три примероци од преводот преведени од овластен судски преведувац. Министерството при вршење на нострификација,односно признавање на еквиваленција,може да бара и други докази во заверен превод од кои можат да се видат условите и текот на образованието. Н О С Т Р И Ф И К А Ц И Ј А на документи за ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ здобиени во странство 1. Оригинал диплома или свидетелство; 2. Свидетелство, односно оригинал ученичка книшка, за секоја завршена година, односно одделение; 3. Три нотарски заверени преводи за секој поднесен документ; 4. Фотокопија од извод на Матична книга на родените; 5. Молба-формулар со административни таксени марки од 250,00 ден ; 6. Изјава од старател/ родител; 7. Доказ за уплатена такса од 2000,00 денари за основно образование; 8. Доказ за уплатена такса од 3000,00 денари за средно образованиe. ДОКУМЕНТИТЕ СЕ ПОДНЕСУВААТ ВО АРХИВАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА, СЕКОЈ ДЕН ОД 8,30 ДО 15 ЧАСОТ. Решение за нострификација донесува Комисијата за нострификација која по правило се состанува еднаш месечно. РОК ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА Е 30 ДЕНА, ДОКОЛКУ ДОКУМЕНТАЦИЈАТА Е КОМПЛЕТНА И ВО РЕД. Документите здобиени на просторите на поранешната СФРЈ се нострифицираат, доколку се здобиени по 1 септември 1995 година. Кандидатите, кои стекнале дипломи и свидетелства во државите потписнички на Хашката конвенција за легализација на странски јавни документи од 1961 година (Аргентина, Австралија, Австрија, Албанија, Белорусија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кина, Хонг Конг, Макао, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Република Македонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Изреал, Италија, Јапонија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Мексико, Монако, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Панама, Португалија, Романија, Руската Федерација, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Шпанија, Суринам, Шведска, Швајцарија, Турција, Велика Британија, САД, Венецуела и Југославија), треба да имаат и печат апостил, а сите други дипломи и свидетелства кои потекнуваат од држави кои не се потписнички на Хашката конвенција да имаат печат од министерствата за надворешни работи на земјите во кои дипломите се добиваат и од амбасадите на Република Македонија доколку постојат во тие земји.Консултации на телефон: 3106- 519.
|