|
ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ Законот за основно образование (Сл. весник на Р.М. бр.44/95) од 20.09.1995 година), предвидуваше основно образование во траење од осум години, задолжително за сите деца од 7 до 15 години. Со измените и дополнувањата на Законот за основно образование (Сл. весник на Р.М. бр.63/04) од 20.09.2004, основното образование стана задолжително за сите деца по правило од 6 до 15 години и опфаќаше: подготвителна година; четири години одделенска и 4 години предметна настава. Со законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование (Сл. весник на Р.М. бр 51од 24.05.2007 година) основното образование е задолжително за сите деца од 6 до 15 години. Основното образование трае 9 години и се организира во три периоди. СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ Средното образование, според Законот за средно образование (Сл.весник на РМ бр.44/95 од 20.09.1995) се остварува преку образовни планови и програми за: гимназиско, стручно, средно уметничко и средно образование за ученици со посебни образовни потреби. Средното образование овозможува стекнување на знаења и развивање на способности за работа и натамошно образование. Гимназиското и средното уметничко образование траат по 4 години, додека средното стручно образование трае 3 или четири години. Стручното образование и обука може да се реализира и преку наставните планови и програми за стручно оспособување кое може да трае до две години. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за средно образование (Сл.весник на Р.М. бр.49) од 18.04.2007 година, средното образование е задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови утврдени со Законот. Согласно овој закон средното образование во јавните училишта е бесплатно. ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ Согласно Законот за високо образоавние (Сл. весник на Р.М. бр. 64/2000) од 03.08.2000 година, високообразоавните установи во Република Македонија остваруваат додипломски, последипломски и докторски студии, континуирано образование и студии за надоградување, продлабочување или проширување на одделни знаења. Додипломските студии на универзитет (факултет), согласно измените и доплонувањата на Законот за високо образование (Сл.весник на Р.М. бр. 44) од 25.07.2005 година, траат најмалку три, а најмногу пет години. Додипломските студии на високите стручни школи траат најмногу три години. Последипломските студии се организираат како последипломски научни, односно уметнички студии (магистарски студии) и последипломски стручни студии (специјалистички студии). Последипломските научни односно уметнички студии траат најмалку три семестри, од кои два семестри за настава и еден семестар за изработка на магистерскиот труд. Последипломските стучни студии траат девет месеци, од кои еден семестар за настава и три месеци за изработка на специјалистички труд. Научен степен доктор на науки може да се стекне со докторски студии и одбрана на докторска дисертација или со пријавување и одбрана на докторска дисертација. Докторските студии траат најмалку две години. Додипломските и последипломските се организираат според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС). Во тек е постапка за донесување на нов Закон за високо образование согласно критериумите и принципите на Болоњската декларација.
|