|
Врз основа на член 6 став 2 од Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр.37/98; 40/03) и член 34 став 3 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2007 година (“Службен Весник на Република Македонија” бр.139/06),Владата на Република Македонија на седницата одржана на ____________.2007 година, донесе ПРОГРАМА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ДЕЈНОСТА ВО СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД ЗА 2007 ГОДИНА 1. Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2007 година е изготвена врз основа на планираните средства со Буџетот за 2007 година и согласно Законот за ученички и студентски стандард, Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2006-2010 и Програмата за работа на единките корисници на средства-студентските домови. Финансирањето на студентските домови се врши согласно член 56 став 1 од Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр.37/98; 40/03). Сместување и исхрана на студенти во Република Македонија се остварува во шест студентски домови, како и во дел од сместувачките капацитети на ученичките домови. Во нив се сместени околу 5.500 студенти. Сместувањето на студентите во студентските домови е организирано според Правилникот за работа и програмата на домовите. Просечната цена за сместување и исхрана, која што ја плаќа Министерството за образование и наука, месечно за еден студент изнесува околу 3.000,00 денари и тоа за 10 месеци во годината. Во системот на стипендирање и кредитирање на студенти опфатени се: - талентирани студенти со месечна стипендија од 3.300 денари за девет месеци во учебната година;
- студентски кредити, во месечен износ 2.200,00 денари за девет месеци годишно;
- стипендии, за студенти кои студираат на универзитетите надвор од Република Македонија и го оствариле правото на користење на стипендија од претходните години, за струки и дисциплини кои не биле застапени на нашите универзитети и тоа по 4.500 денари за девет месеци во годината;
- 120 владини стипендисти опфатени се во процесот на стипендирање и сместување и тоа по 3.000 денари за девет месеци во годината (за стипендирање) и по 3.000 денари за десет месеци во годината (за сместување и исхрана);
- Согласно Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на РМ (“Службен весник на Република Македонија” бр.02/02; 17/03) опфатени се и студенти-деца на бранителите, кои примаат стипендија по 3.300 денари за девет месеци во годината.
Во Потпрограма 6 А – Реконструкција на студентски домови се планира реконструкција на студентските домови, изработка на проект за нов студентски дом и други помали интервентни зафати кај студентските домови.
|