Македонски Образование Стипендии и кредити

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Стипендии и кредити Верзија за печатење

 

Информација

За стипендирање на талентирани студенти, како и студентски кредити за учебната 2006/07 година

 

Согласно Законот за ученички и студентски стандард, Министерството за образование и наука на почетокот на секоја учебна година распишува Конкурс за доделување на стипендии за талентирани ученици и студенти, како и студентски кредити.

Стипендиите или кредитите се исплаќаат за девет месеци од годината од октомври до јуни.

Во системот на студентско стипендирање и кредитирање, Министерството за образование и наука за учебната 2006/2007 год. ги прифати апликациите на:

 

Табела 1-Стипендии и кредити за учебна 2006/07 год.

 

Реден број

Вид на стипендија/кредит

Вкупно корисници

Месечен износ

1

Стипендија за талентирани студенти

1.583

3.300

2

Студентски кредит

1.504

2.200

 

За да може да се отпочне со исплата на студентските стипендии и кредити потребно е да се усвои на Влада на РМ Програмата за унапредување и развој на дејноста на студентскиот стандард за 2007 година, а потоа и да се објави во “Службен весник на Република Македонија”. Осум дена од објавувањето, МОН ќе започне со исплатата како на новите корисници (од октомври до февруари- исплата за 5 месеци), така и за старите корисници (од ноември до февруари- исплата за 4 месеци).

Исплатата на студентските стипендии и кредити за новите корисници ќе се врши преку Универзална Инвестициона Банка, а за старите корисници исплатата ќе биде преку банката со која и до сега соработувале.