Македонски arrow Образование

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел:++389(2)3117-277
факс:++389(2)3118-414
e-mail: contact@mofk.gov.mk

Образование Верзија за печатење

Република Македонија настојува да биде рамноправен и респектабилен член во европското и светското опкружување и тоа е нејзина трајна орентација. Таа е цврсто решена да чекори по патеките на современо уредување на државата, каде образованието и обуката, културата, науката и иновациите преставуваат клучни фактори за добросостојбата на нејзините граѓани и jакнење на националната економија.

Министерството за образование и наука на Република Македонија има општествена одговорност да создаде услови за унапредување на образованието и можности за зголемување на добросостојбата на граѓаните. Последиците од активностите што ги презема Министерството се долгорочни и силни и имаат директно влијание врз животот на секој граѓанин. Условите и можностите за превенција и компензација кои Министерството ги создава на планот на образованието и обуката, истражувањето, развојот и афирмацијата на културните вредности се од суштинско значење за животните определби на младите и возрасните.