Македонски Наука Техничка култура

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Техничка култура Верзија за печатење

 

Програми за работа и проекти за техничка култура

 

Техничката култура ја остваруваат носители на дејноста на кои им е доверено вршење на јавно овластување од МОН.

Јавно овластување се доверува доколку:

• природата и областа на активност е техничката култура;
• активноста дава придонес за пошироката јавност и овозможува користење на услуги;
• располага со соодветен организационен капацитет за реализирање на дејноста ( материјално технички и кадровски услови);
• искуството во техничката култура е над три години;

Програмите за работа и проекти за техничка култура се реализираат во домовите за техничка култура во: Берово, Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Неготино, Прилеп, Ресен, Скопје, Струмица, Тетово, Штип и во домот на Републичката организација на народна техника во Скопје.

Домовите за техничка култура располагаат со: кабинети, лаборатории, работилници и опрема за различни видови технички активности.

Програмите за работа опфаќаат активности на:

• млади техничари и природници;
• млади истражувачи;
• фото клубови;
• кино клубови;
• радиоаматери;
• пронаоѓачи и автори на технички унапредувања;
• астронаутички, ракетни и бродомоделарски организации;
• клубови за подводни активности;
• здруженија за техничка култура во стопанството;
• наставници и професори по техничко образование;

Министерството за образование и наука, во техничката култура софинансира:

• меѓународни манифестации;
• државни манифестации;
• регионални манифестации;
• општински и клубски манифестации;

Материјални трошоци за техничка култура

МОН наменува средства за остварување на програмските активности на носителите на дејноста во согласност со реалните потреби.

Инвестиции во објекти и набавка на опрема

МОН наменува средства за инвестиции во домовите за техничка култура кои се однесуваат за реконструкција и санација на објектите и нивно опремување со современа информатичко-сметачка опрема, мерни инструменти и уреди, телекомуникациони релејни уреди и др.