Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

УОЈЗ Верзија за печатење
10.07.2007

Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците

 

Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, која согласно одредбите од Охридскиот Рамковен Договор, а со Одлука на Владата на Република Македонија, постои како самостоен орган,во рамки на Министерството за Образование и Наука на Р.Македонија.

Во оваа смисла Управата ќе ги насочува своите активности во доследно спроведување на Уставот на Република Македонија и одредбите од Охридскиот рамковен договор, потпишаните меѓународни спогодби, конвенции и декларации од страна да Република Македонија, учествува во сите тела на Владата на РМ и други државни тела и иституции во доменот на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.

Управата работи на надминување на јазичните бариери и унапредување на меѓуетничката доверба во градење на демократска личност и меѓучовечки односи за успешна социјализација и вклучување на припадниците на различни јазични заедници во целокупниот процес на општественото живеење во Републиката применувајќи ги стандардите на Европа и стандардите на демократските држави во Светот.

Управата , согласно највисоките дострели за остварување на основните граѓански права, посветува особено внимание на образованието на припадниците на различни јазични заедници кои не се опфатени во Уставот.

За таа цел Управата, соработува, на билатерално и мултилатерално ниво со земји и меѓународни организации кои имаат позитивни искуства во оваа сфера на образованието, и кои донираат средства за оваа намена.

Управата посветува особено внимание на непосредна соработка со сите невладини организации во Република Македонија и Светот.

За остварување на своите цели и задачи Управата воспоставува директна соработка со Организацијата на Обединетите Нации (и нејзините тела), Европската Унија, Пактот за стабилност, донаторите на средства за реализација на одредбите од Охридскиот рамковен договор како и учествува во работата на воспоставените иницијативи на регионално ниво.

Управата за развој и унапредување на образованието на припадниците на заедниците ќе Ви биде благодарна за соработката и помош од било каков вид што ќе биде укажана од ваша страна.

Структура на Управата

Органот е управуван од Директор кој е именуван од Владата на Република Македонија и кој вообичаено е припадник на одредена заедница.

Одделение за албански, турски, српски, ромски, босански и влашки јазик

  • Ги следи, проучува и обработува прашањата поврзани со унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.
  • Изготвува предлози за унапредување на образованието на јазиците на заедниците и ја следи реализацијата на истите.
  • Дава мислење за проекти кои ги изготвуваат и предлагаат други органи, установи за образование и други владини и невладини организации и асоцијации, а се однесуваат на образованието во рамките на образовниот систем.
  • Учествува во изготвување на закони и други прописи во делот за унапредување на јазиците на заедниците.

Води организирана грижа за

  • изведување настава за припадниците на заедниците согласно со Уставот и Законот за образование.
  • обезбедување учебници и учебна литература за учениците-припадници на заедниците, нивно преведување, печатење и дистибуирање, но доколку во земјата нема такви, да се обезбедат од матичните земји на заедниците.
  • обезбедување поголем и подобар пристап на заедниците до сите степени на образование, особено во примарното и виското образование.
  • адекватен пристап до финансиските фондови наменети за ученици, студенти и постдипломци.
  • координација на реализацијата на проектите кои имаат за цел јакнење на толеранцијата помеѓу припадниците на различните етнички заедници во Р. Македонија.

Одделение за мир и толеранција и правата на детето

Ги следи, унапредува и превентивно ќе укажува за состојбите на меѓуетничка толеранција, интеркултурна кохезија и едукација, градење на меѓусебна доверба и соработка во би-етничките и мулти-етничките образовни и научни институции во Р. Македонија.

  • поттикнува и укажува на почитување на националните, лингвистичките, културните разлики и други разлики согласно меѓународните конвенции, Уставот и законите на Р.Македонија.
  • се грижи за спроведување на програми и проекти за мир, соживот, учење за човековите права и слободи во насока на интеграција помеѓу припадниците на јазиците на заедниците во процесот на формалното и неформалното образование.
  • организира мултиетнични клубови, едукативни курсеви, работилници, семинари, републички и меѓународни собири за прашања од доменот на работите и задачите на Одделението.