|
Педагошката служба претставува орган во состав на Министерството за образование и наука чии надлежности произлегуваат од Законот за основно образование, Законот за средно образование и Законот за учебници за основно и средно образование. Врз основа на член 23 став 1 алинеа 1 и член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа како и врз основа на член 19 од Правилникот за организација на Министерството за образование и наука, Педагошката служба ги врши следните работи: - Изготвува Деловник за работа на Националната комисија за учебници,
- Распишува јавен оглас за рецензиони комисии за ракописите за учебници и врши избор од пријавените кандидати,
- Објавува листа на избрани рецензенти во најмалку две јавни гласила,
- Предлага членови на рецензентски комисии за ракописите на учебници,
- Изготвува одлуки по приговори од автори на учебници чии ракописи не се избрани на конкурсот,
- Доставува конечна листа на избрани ракописи на учебници до Министерот,
- Врши други работи согласно Законот и Деловникот за работа,
- Објавува конкурс за издавање на учебници оддделно за секое одделение и предмет, врз основа на Програмата за издавање на учебници утврдена од Министерот,
- Дава одобрение за употреба на учебници по странски јазици,
- Објавува конкурс за нов учебник по соодветниот предмет при донесувње на нов наставен план и програми или ако се врши изменување или дополнувањата на повеке од 30% на наставниот план и програми,
- Објавува нов конкурс за перманентно унапредување на квалитетот и осовременување на одобрениот учебник, после петгодишната употреба на учебникот од првото издание, по претходно мислење од Бирото, односно од Центарот за стручно образование и обука, односно Центарот за образование на возрасни,
- Директорот, по предлог на Националната комисија, формира рецензентска комисија која врши стручно вреднување на ракописи за учебник за соодветен предмет,
- Доставува ракопис за учебник од конкурсот до рецензентската комисија во рок од седум дена од денот на завршување на конкурсот,
- Директорот, врз основа на стручното вреднување од рецензионата комисија, во рок од три дена прави ранг-листа, врши избор на најмногу три ракописи на учебници од ранг листата и ги известува авторите кои учествувале на конкурсот за направениот избор на ракописи за учебници,
- Националната комисија одлучува во рок од 15 дена од денот на добивањето на приговорот од авторот на ракописот на учебник кој е незадоволен од донесеното решение за направениот избор на ракописи на учебници,
- По завршување на постапката по приговорите, Националната комисија до Министерот доставува конечна листа на избрани ракописи на учебници,
- Ако нема поднесено приговор на решението за направениот избор на ракописи за учебници, директорот до министерот доставува конечен предлог на избрани ракописи на учебници,
- По конечноста на решението за одобрување и употреба на учебникот, Педагошката служба објавува каталог на одобрени учебници за употреба на веб страницата на Министерството, најдоцна до крајот на март во тековната година,
- Објавува јавен повик за печатење на учебници и
- ги објавува сите актуелности од своето работење на ВЕБ страната на МОН во делот за Педагошката служба.
Со Педагошката служба раководи Директор кој го именува Владата на РМ по предлог на Министерот за образование и наука.
|