|
Врз основа на член 32 од Законот за основното образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 63/04, 82/04, 55/05, 81/05, 113/05, 35/06, 70/06 и 51/07), министерот за образование и наука донесе К А Л Е Н Д А Р ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО УЧЕБНАТА 2007/2008 ГОДИНА Член 1 Со овој календар се утврдува организирањето на учебната година во основните училишта согласно програмските целини во наставната година: полугодие, други форми на воспитно образовна дејност и ученички одмор за учебната 2007/2008 година. Член 2 Учебната година во основните училишта почнува на 3 септември 2007 година, а завршува на 31 август 2008 година.Наставната година започнува на 3 септември 2007 година и завршува на 10 јуни 2008 година. Член 3 Наставната година ја сочинуваат две полугодија - I и II полугодие. Првото полугодие започнува на 3 септември 2007 година и завршува на 28 декември 2007 година.Второто полугодие започнува на 21 јануари 2008 година и завршува на 10 јуни 2008 година. Член 4
Во текот на учебната година се организира зимски и летен одмор за учениците.Зимскиот одмор започнува на 31 декември 2007 година и завршува на 18 јануари 2008 година.Летниот одмор започнува на 11 јуни 2008 година и завршува на 31 август 2008 година. Член 5 Основните училишта во времето од 11 јуни до 20 јуни организираат дополнителна настава и одделенски испити, а од 18 август до 29 август организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити и ги спроведуваат истите. Член 6 Воспитно-образовната работа за учениците се организира во текот на целата работна недела. Член 7 Во текот на наставната година во основните училишта се остваруваат 180 наставни денови. Член 8 На денот на училиштето се организираат културни, спортски и други манифестации. Традиционалниот ден на просветата за припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик се одбележува со организирање на културни и други манифестации. Член 9 Работните деновите кога се изведуваат ученичките екскурзии и 21 март - Денот на еколошката акција на младите во Република Македонија, се наставни денови кога се изведуваат посебни програми. Член 10 Со денот на влегувањето во сила на овој календар престанува да важи Календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2006/2007 година („ Службен весник на Република Македонија“ број 71/06). Член 11 Овој календар влегува во сила осмиот ден од денот на неговото објавување во „ Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 3 септември 2007 година. МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА Сулејман Рушити Врз основа на член 23 став 3 од Законот за средно образование („Службен весник на Република Македонија “ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/07 и 49/07 ), министерот за образование и наука донесе К А Л Е Н Д А Р ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧЕБНАТА 2007/2008 ГОДИНА ВО ЈАВНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА Член 1 Со овој календар се утврдува организирањето на учебната година во јавните средни училишта согласно програмските целини во наставната година: полугодие, други форми на воспитно образовна дејност и ученички одмор за учебната 2007/2008 година. Член 2 Учебната година во јавните средни училишта започнува на 3 септември 2007 година, а завршува на 31 август 2008 година.Наставната година започнува на 3 септември 2007 година и завршува на 10 јуни 2008 година, освен во последната година од гимназиското образование, стручното образование од четиригодишно и тригодишно траење на образование каде наставната година завршува на 20 мај 2008 година. Член 3 Наставната година ја сочинуваат две полугодија - I и II полугодие. Првото полугодие започнува на 3 септември 2007 година и завршува на 28 декември 2007 година.Второто полугодие започнува на 21 јануари 2008 година и завршува на 10 јуни 2008 година, освен во последната година од гимназиското образование, стручното образование од четиригодишно и тригодишно траење на образование каде полугодието завршува на 20 мај 2008 година. Член 4 Во текот на учебната година се организира зимски и летен одмор за учениците.Зимскиот одмор започнува на 31 декември 2007 година и завршува на 18 јануари 2008 година.Летниот одмор започнува на 11 јуни 2008 година и завршува на 31 август 2008 година. Член 5 Јавните средни училишта во времето од 11 јуни до 20 јуни и од 18 август до 22 август организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на годината, дополнителни испити и испити за побрзо напредување.Јавните средни училишта, за учениците од завршните години на средното образование, во времето од 21 мај до 30 мај и од 18 август до 22 август организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на годината, дополнителни испити и испити за побрзо напредување. Член 6 Екстерните испити од државната матура во гимназиското и во четиригодишното стручно образование се спроведуваат во следниве термини: - маMедонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 23 јуни со почеток во 9 часот - англиски јазик, француски јазик, германски јазик, односно руски јазик на 25 јуни со почеток во 9 часот - математика на 26 јуни со почеток во 9 часот. Интерните испити од изборниот дел на државната матура и проектната задача се спроведуваат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии. За учениците кои од оправдани причини не полагале државна матура или дел од државната матура во јуни се организира дополнително полагање во август во следниве термини: - македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 25 август со почеток во 9 часот - англиски јазик, француски јазик, германски јазик, односно руски јазик на 27 август со почеток во 9 часот - математика на 27 август со почеток во 9 часот. Член 7 Училишната матура во гимназиското образование и завршниот испит во четиригодишното стручно образование се спроведуваат во два испитни рока и тоа: јуни и август. Во јунскиот рок: - задолжител дел (македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература) на 12 јуни со почеток во 9 часот. Во августовскиот рок: - задолжителен дел (македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература) на 26 август со почеток во 9 часот. Испитот од изборниот дел на училишната матура во гимназиското образование, испитот од изборниот дел на завршниот испит во четиригодишното стручно образование и проектната задача се спроведуваат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии. Член 8 Училишната матура во средното уметничкото образование се спроведува во два испитни рока и тоа: јуни и август. Во јунскиот рок: - македонски јазик и литература, односно албански јазик и литература на 12 јуни со почеток во 9 часот - странски јазик на 16 јуни со почеток во 9 часот. Во августовскиот рок: - македонски јазик и литература, односно албански јазик и литература на 26 август со почеток во 9 часот - странски јазик на 27 август со почеток во 9 часот. Испитот од изборниот дел на училишната матура во средното уметничко образование и проектната задача, односно проектните задачи се спроведуваат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии. Член 9 Завршниот испит во тригодишното стручно образование и четиригодишното стручно образование (со настава по старите планови и програми ) се спроведува во три испитни рока и тоа: јуни, август и јануари. Во јунскиот рок: - македонски јазик и литература, односно албански јазик и литература на 12 јуни со почеток во 9 часот. Во августовскиот рок: - македонски јазик и литература, односно албански јазик и литература на 26 август со почеток во 9 часот.Индивидуалната практична работа во тригодишното стручно образование се спроведува во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии. Член 10 Воспитно-образовната работа за учениците се организира во текот на целата работна недела. Член 11 Во текот на наставната година во јавните средни училишта во завршната година на образованието се остваруваат најмалку 166 наставни денови, а за сите останати се остваруваат најмалку 180 наставни денови. Член 12 На денот на училиштето се организираат културни, спортски и други манифестации.Традиционалниот ден на просветата за припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик се одбележува со организирање на културни и други манифестации. Член 13 Работните деновите кога се изведуваат ученичките екскурзии, 21 март - Денот на еколошката акција на младите во Република Македонија и денот на полнолетството кога се изведуваат посебни програми, се наставни денови. Член 14 Феријалната практика се остварува во зависност од специфичноста на образовниот профил и се изведува за време на летниот одмор на учениците. Член 15 Со денот на влегувањето во сила на овој календар престанува да важи Календарот за организација на учебната 2006/2007 година во јавните средни училишта („Службен весник на Република Македонија“ број 92/06). Член 16 Овој календар влегува во сила осмиот ден од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 3 септември 2007 година. МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА Сулејман Рушити
|