|
Според член 23 од Законот за организација и работа на ограните на државната управа (Сл.весник на Р. Македонија бр 59/2000 од 21.07.2000 година) - Министерството за образование и наука ги врши работите што се однесуваат на:
- воспитанието и образованието од сите видови и степени;
- организацијата, финансирањето, развојот и унапредувањето на воспитанието, образованието и науката;
- воспитанието и образованието на децата на нашите ра ботници на привремена работа и престој во странство;
- верификацијата на струките и профилите во образованието;
- ученичкиот и студентскиот стандард;
- технолошкиот развој, информатиката и техничката култура;
- информациониот систем;
- меѓународната научно-техничка соработка;
- надзорот од неговата надлежност и
- врши други работи утрврдени со закон.
- Во состав на Министерството за образование и наука се:
- Педагошка служба;
- Бирото за равој на образованието;
- Управата за равој и унапредување на образованието на јазиците на националностите и
- Државниот просветен инспекторат.
- Бирото за равој на образованието има својство на правно лице.
|