Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

РЕПУБЛИКА УНГАРИЈА Верзија за печатење

 

Унгарската страна во текот на изминатиот период достави нацрт - Спогодба за соработка во областа на образованието, науката и културата. Претставници од Министерството за образование и наука (Сектор за наука) работеа на нацрт-текстот на спогодбата, пришто беа извршени извесни измени и дополнувања на истиот. Нацрт-текстот беше доставен до Министерството за надворешни работи и Секретаријатот за законодавство на Република Македонија, поради обезбедување на нивно мислење. Усогласувањето на текстот е во тек.

Факултетот за економија и администрација од Будимпешта достави Програма за докторски студии за менаџмент и деловна администрација, чија реализација започнува во септември 2004 година. Поради големиот интерес за учество, унгарската страна одлучи истата да се изготви, покрај унгарскиот и на англиски јазик. Министерството за образование и наука на Република Македонија ги запозна соодветните институции со добиените материјали и координатите на организаторот. Пријавувањето на заинтересираните кандидати е директно.

Амбасадата на Република Унгарија достави до ова министерство материјали за изучување на унгарскиот јазик и култура во градот Дебрецен. Материјалите беа доставени до соодветната образована институција на Република Македонија. Пријавувањето на кандидатите е директно до организаторот во Република Унгарија.

Во текот на првиот квратал 2004 година унгарската страна достави материјали за одржување на летна школа за деца со моторни пречки во развојот и истите беа доставени до Сојузот на телесно инвалидизирани лица ,,ПОЛИО ПЛУС,, во Скопје. Пријавувањето е директно до организаторот во Будимпешта.

Министерството за образование на Република Унгарија со посредство на Амбасадата на Унгарија во Скопје достави до Министерството за образование и наука на Република Македонија комплетен материјал за доделување на неколку стипендии - ,,Szent-Gyorgi Albert,, за истражувачи од различни области. Предност ќе имаат оние истражувачи кои веќе имаат воспоставено врски со универзитети или високонаучни институции во Унгарија или чии научни трудови се поврзани со Унгарија. Во материјалот се наведени условите за аплицирање, список на области, пријава и формулари, кои се подигнуваат во ова министерство. Наведениот материјал е прикажан на ВЕБ - страницата на министерството и доставен до редакции на дневниот печат.


Скопје, 14.03.2005

Амбасадата на Република Унгарија до Министерството за образование и наука на Р.Македонија достави материјали за можностите на школување на МЕЃУНАРОДНИОТ ЦЕНТАР ЗА УНГАРСКИ И ИСТОЧНО-ЕВРОПСКИ СТУДИИ во Сегедин. 

Заинтересираните кандидати можат директно да контактираат со унгарската страна на:
e-mail: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it
phone: +36-62-420-894 or +36-62-544-685
fax: +36-62-420-894
By mail: Hungarian Studies
University of Szeged
Szeged , Tisza Lajos krt.103
H-6725 HUNGARY

Our website: www.arts.u-szeged.hu/hungarianstudies

Prof. Gyorgy E. Szonyi, Program Director

Agnes Bata , Program Manager

За подетални информации и формулари заинтересираните кандидати можат да се јават во Министерството за образование и наука на следната адреса: Бул” Илинден” б.б., Скопје или на телефоните: 3115-324; 3118 022, локал 219.