Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

УКРАИНА Верзија за печатење

 

Во 1997 година во Киев потпишана е Спогодба за научно-технолошка соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Украина. Спогодбата е ратификувана.

Министерството за наука на Република Македонија избра членови на Мешовитата комисија, која изготви Правилник за работа на истата. Во почетокот на 1998 година ова министерство изврши анкетирање со што се испитуваше интересот на македонските високообразовни и научни институции на републиката за проектна соработка. Интересот беше евидентен. Комисијата подготви список на приоритетни области за соработка, кој беше доставен до украинскиот партнер. Министерството за наука на Република Македонија испрати покана до украинското министерство за престој во нашата земја, поради обавување на разговори околу отпочнување на проектната соработка. Меѓутоа, и покрај повеќекратните обиди да се воспостави комуникација и реализира средба на повисоко ниво околу заемниот интерес на двете страни, до тоа не дојде, поради, како што информира украинската страна повеќе објективни причини.

Во текот на 1998 година потпишана е Спогодба за соработка во областа на образованието помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Украина. Истата е ратификувана во текот на 1990 година.