|
Во текот на 2002 година шпанската страна и понуди на македонската страна Предлог Спогодба за научна и техничка соработка, на која немавме никакви забелешки. Меѓутоа, до потпишување на спогодбата не дојде заради непризнавање на Република Македонија под уставното име. Независно од тоа, Шпанската страна секоја година на македонската страна и доделува по 4 стипендии наменети за студенти и професори по шпански јазик и литература. За 2004/2005 г., прифатени се 2 кандидатури за изучување на шпански јазик , како и една стипендија за постдипломски студии по психологија.
|