|
Спогодбата се реализира според следните форми: • индивидуални усовршувања, • заеднички научно-истражувачки проекти, • експертски мисии. 1.1. Индивидуални усовршувања Во периодот од 1994-2000 година, реализирани се 102 индивидуални усовршувања на македонски стручњаци во соодветни словенечки институции и тоа од областа на: медицината, ветеринарството, земјоделството, природните и техничките науки.
1.2. Заеднички научно-истражувачки проекти Реализирани се повеќе од 116 заедничко-истражувачки проекти, од сите научни области. Моментно, во тек на реализација се 16 проекти, рецензирани и одобрени од страна на Заедничкиот македонско-словенечки одбор во текот на 2003 г., како и распишан е нов конкурс за проектна соработка, чиј рок истекува на 7 јуни 2004 г.
|