|
Monbukagakusho стипендија Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија) на Јапонија секоја година доделува по една стипендија за усовршување во следните научни области и дисциплини: - хуманитарни и општествени науки: литература, историја, естетика, право, политика, економија, комерцијално работење, педагогија, психологија, социологија, музика , уметност и сл. - природни науки: инженерство, земјоделство, рибарство, фармакологија, медицина, стоматологија и сл. Конкурсот се распишува во април секоја година, а изборот на кандидати се врши по пат на интервју на почетокот на јуни.
|