|
Спогодбата помеѓу Македонската влада и Владата на СР Германија за соработка во областа на културата, каде се вклучени образованието и науката, е потпишана во Скопје на 16 октомври 1997год. Во Спогодбата се застапени формите на соработка во областа на образованието и науката, како што стои во текстот на спогодбата. Од потпишувањето на спогодбата до денеска се реализиран или се во тек следните активности со СР Германија: ДААД (Германска академска служба за размена), на Република Македонија еднаш годишно доделува стипендии за студии од сите области на науката, наменети за научни истражувања на млади научни работници од Република Македонија. Годишно се доделуваат 20 стипендии во зависност од нивниот буџетот. Ова година се доделени за нашата земја вкупно 26 стипендии. • За истражувачки стипендии (долги)-------------- 4 • За истражувачки стипендии до 6 месеци---------1 • За истражувачки престој----------------------------3 • За студентите од германистика---------------------6 • За универзитетски летни курсеви------------------12 Со СР Германија имаме проектна соработка, каде што годишно се реализират неколку проекти, со германски партнер. Реализирани се веќе 7 проекти. СР Германија конкретно Министерството за образование и истражување иницирал нов формат на проекти и нови инструменти во научна технолошка соработка со цел да се менува досегашната форма на билатерална соработка во областа на науката и технологијата. Во врска со тоа во јануари оваа година се одржа една работилница помеѓу претставнци на двете министерства каде и во писмена форма од нашата стране детално е образложен оправданоста за продолжување на билатералната соработка во гореспоменатата област. После разгледување на доставениот материал од нашата страна Министерството за образование и истражување на Р Германија прифати да продолжи билатералната соработка. До нашето Министерство веќе се доставени 2 Проекта каде нудат соработка со нашите научни истражувачи и институции. Во фаза на реализирање е голем проект каде што се планира за повеќе земји од Југо-источна Европа вклучувајќи ја и Република Македонија. Насловот на проектот гласи: Менаџмент со вода, снабдување со вода и одстранување на загадените води (TRINOVA). Во врска со горенаведениот проект од нашата земја веќе се вкличени 3 експерти кои се предложени од нашето Министерство. Врз база на протоколот кој е потпишан во јули 2002 година, помеѓу Министерството за образование и истражување на РГерманија и нашето Министерство договорено е за проектот SINSEE (Scientific Information Network of South East Europe) научна информативна мрежа на Југоисточна европа. Целта на овој проект е да се воспостави академска брза мрежа на податоци во Југоисточна Европа. Проектот ќе се финансира од KARDS програмата на Европската унија. Исто така во идните активности голема улога ќе играат GEANT (германска мрежа која е поврзана со Европската унија) и DFN германската мрежа за истражување. Исто така, во тек е и проектот “Отварање на школа за менаџмент во Република Македонија” од консултантска куќа Grefe Consultant GMBH, СРГерманија која е наменета за менаџери на јавни и приватни претпријатија и за млади интелектуалци спремни за сопствено доедуцирање. Проектот според нив грубо би чинел околу 250.000 Евра и ќе трае 2 години. Со цел зацврстување и давање на нов импулс на билатералната соработка на 24/25.06.2004 во Берлин се одржува една Работилница каде ќе учествуваат и претставници од нашето Министерство.
Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на СР Германија за соработка во областа на културата (.pdf)
Bekanntmachung MOEL/SOEL (.doc формат) Announcement CEECs/SEECs (.doc формат)
|