|
Под поимот билатерална соработка се подразбира соработката која се одвива помеѓу две земји, а во рамките на претходно потпишана Спогодба за соработка во областа на образованието и науката помеѓу Владите на две земји. Билатералната соработка се реализира врз основа на реципроцитет. Основни форми, според кои се остварува оваа соработка се: • индивидуални усовршувања; • размена на експерти; • соработка помеѓу високошколските установи; • доделување на стипендии; • заеднички научно-истражувачки проекти; • размена на информации и публикации, како и други форми на соработка за кои дополнително ќе се договорат двете страни. Со цел поуспешно спроведување на одредбите од Спогодбата, како и за решавање на прашањата кои би можеле да произлезат од истата, договорните страни изготвуваат и Извршна програма (Работна програма), која може да биде едногодишна или повеќегодишна. Активностите поврзани со спроведување на одредбите од Спогодбите ги извршува Мешовит комитет (Комисија), составена од 3 претставници на двете земји. Почнувајќи од периодот на осамостојувањето, па до денес, Република Македонија има потпишано 15 Спогодби за билатерална научно-технолошка соработка со следните земји: Албанија, Бугарија, Велика Британија, Словенија, Хрватска, Србија, Франција, Египет, Кина, САД, Русија, Украина, Белорусија, Италија, Германија. Сите наведени Спогодби се ратификувани.
|