Македонски arrow Меѓународна соработка

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел:++389(2)3117-277
факс:++389(2)3118-414
e-mail: contact@mofk.gov.mk

МУЛТИЛАТЕРАЛНА НАУЧНО-ТЕХНОЛОШКА СОРАБОТКА Верзија за печатење
14.08.2007

 

Министерството за образование и наука активно го промовира и поддржува учеството на националните истражувачко-развојни организации во проекти финансирани или ко-финансирани од Европската Унија, специјализираните агенции на ООН и други меѓународни организации, со цел побрзо и поефикасно вклучување на Република Македонија во меѓународните интегративни развојни процеси.

Од своето осамостојување во 1991 год, Република Македонија активно се вклучи во научно-истражувачките програми на ЕУ (TEMPUS, COST, COPERNICUS) , а во својство на придружен член ги започна своите активности во 5-та и 6-та Рамковна програма (FP5 и FP6), како и во други независни европски програми.

Од специјализираните агенции на ООН, интензивна проектна соработка се остварува со Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и UNESCO.

Од останатите мултилатерални програми треба да се истакне соработката во рамки на НАТО Програмата »Наука за мир«.

Покрај директната подршка на проектните активности на нашите институции во рамки на споменатите програми, голема придобивка претставува и можноста за воспоставување на плодна соработка со институции од земјите во регионот, во области кои се од посебен заеднички интерес.