Конкурс за доделување на 4 (четири) стипендии на Владата на Народна Република Кина за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации

Владата на Народна Република Кина за учебната 2012/2013 година доделува 4 (четири) стипендии за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации на државните универзитети во Народна Република Кина.

 Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во три примероци:

- Пријавен лист (пријавувањето е онлине на http:laihua.csc.edu.cn, агенциски број 8071/пополнетиот формулар се доставува и во министерството).
- Фотокопии од свидетелствата за завршните години од средно образование (за редовни- додипломски студии) преведени на англиски јазик и заверени на нотар,
- Фотокопии од дипломата за завршено високо образование (магистерски студии и специјализации) преведено на англиски јазик и заверено на нотар,
- Фотокопии од уверението за положени испити (магистерски студии и специјализации) преведено на англиски јазик и заверено на нотар,
- План за студиите (до 200 зборови за редовни студии) или истражувањето ( до 400 зборови за специјализации) и (до 500 зборови за магистерски студии),
- Две препораки од универзитетски професори (магистерски студии и специјализации) и писмо за прифаќање од избраниот универзитет (подетални информации на htpp://www.csc.edu.ch)
- Кратка биографија,
- Лекарско уверение ( образецот се добива во Министерството),
- Потврда за познавање на англиски или кинески јазик.

Краен рок за пријавување е 06. 04. 2012 година.
Подетални информации и пропишаните обрасци може да се најдат во текстот на Конкурсот објавен на интернет страната на Министерството: www.mon.gov.mk
(документи/конкурси) или на тел: 02 3140 185/лице за контакт: Олга Дуковска-Атов
Прифатените кандидати студиите ќе ги започнат од септември 2012 год.
Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.

 

Линкови од  потребни документи:

Упатство за пријавување

Процедури за пријавување

FOREIGNER PHYSICAL EXAMINATION FORM

Македонски (Macedonia)Shqip

Министер

м-р Панче Кралев

Министер за образование и наука на Република Македонија

iso-9001-2008-mon

Ценовник за оштетени учебници 2011

ucebnici.mon.gov.mk

Контакт и прашања за бесплатни учебници

Акредитирани универзитети и факултети

edulaws logo

 

citizenship1

 

PQ

 

bro

 

edemokratija

 

2 Logo_DIC

 

integriranoobrazovaniegolemfont

 

1000knigi