Македонски Конкурси и тендери КОНКУРС за одобрување и издавање на учебници за V-то одделение (изборни предмети) во осумгодишно основно образование

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

КОНКУРС за одобрување и издавање на учебници за V-то одделение (изборни предмети) во осумгодишно основно образование
10.09.2008

Врз основа на член 80-в став 2 од Законот за основното образование (“Службен весник на Република Македонија” бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 63/2004, 82/2004, 55/2006, 113/2005, 35/2006, 70/2006 и 51/2007), Министерството за образование и наука, објавува

КОНКУРС
за одобрување и издавање на учебници за V-то одделение (изборни предмети) во осумгодишно основно образование

 

1. ОПШТИ УСЛОВИ

1.1. Нарачател: Министерство за образование и наука, Педагошка служба, ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

1.2. Предмет на Конкурсот: прибирање понуди за ракописи на учебници за одобрување и издавање на учебници за осумгодишно основно образование за V-то одделение.

РАКОПИСИ ЗА УЧЕБНИЦИ ЗА V-то ОДДЕЛЕНИ (ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ)  ЗА ОСУМГОДИШНО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ:

1. Запознавање со религиите;

2. Православна христијанска веронаука;

3. Исламска веронаука;

4. Католичка веронаука;

5. Веронаука-јудаизам;

6. Веронаука-евангелско-методистичка црка;

1.3. Конкурсот е јавен, отворен и анонимен. Авторството и сопственоста на одобрениот учебник се докажува со седмиот примерок на ракописот за учебник;

1.4. Ракописот за учебник се изработува во согласност со Концепцијата за учебник за основно образование, Наставните програми за наставните предмети во V-то одделение во осумгодишно основно образование во Република Македонија;

1.5. Право на учество на Конкурсот имаат сите автори на учебници и издавачи на учебници во Република Македонија, кои ги исполнуваат условите утврдени со закон;

1.6. Ракописот за учебник се доставува во 6 (шест) технички уредени примероци, изработени согласно Концепцијата за учебник за основно образование. Првата наставна тема во ракописот треба да е целосно дизајнирана;

1.7. Министерот од списокот на рецензенти определува лица кои го рецензираат ракописот на учебник;

1.8. Подготовката, печатењето, дистрибуцијата и продажбата на учебници е право и обврска на издавачот на учебникот, односно авторот на учебникот;

1.9. Издавачот, односно авторот на учебникот е должен за одобрените учебници да обезбеди превод и печатење на јазиците на заедниците на кои се изведува наставата во осовното образование;

1.10. Финансиските средства потребни за издавање и печатење на учебниците се обврска на издавачот, односно авторот на учебникот;

1.11. Дистрибуцијата на учебниците за V-то одделение во осумгодишно основно образование треба да отпочне 10 дена по издавањето на учебникот.

2. РОКОВИ

2.1. Рок за доставување на ракописите за учебници е заклучно со 05.09.2008 година.

2.2. По одобрувањето на ракописот, издавачот, односно авторот е должен да го издаде учебникот во рок од 30 дена по добивањето на решението.

3. КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

3.1. Конкурсната документација може да се преземе во просториите на Министерство за образование и наука – Педагошка служба ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

3.2. Конкурсната документација содржи: Наставни програми за V-то одделение во осумгодишно основно обртазование за кои треба дасе изготват ракописи за учебници, Концепција за учебник за основно образование и извадок од Законот за основно образование.

4. ДОСТАВУВАЊЕ НА РАКОПИСИТЕ

4.1. Понудитте за ракописите за учебници се доставуваат препорачано по пошта или со предавање во Архивата на Министерството за образование и наука-Педагошка служба, ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

4.2. На предната страна на пратката, во горниот лев агол, треба да биде назначено ‘НЕ ОТВАРАЈ’ и ‘КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИ, насловот на ракописот за учебник, одделение, а во средината адресата: МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА- ПЕДАГОШКА СЛУЖБА, ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

4.3. Издавачите односно авторите на учебници, во доставениот пакет во затворен плик на кој  пишува “НЕ ОТВАРАЈ” треба да достават:

- Име на издавачот, потврда дека против издавачот не е поднесена стечајна постапка заверена од надлежен орган, име и презиме на авторите и уверение или дополома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат. Овој плик се отвара по донесување на решение за одобрување и употреба на учебниците, во присуство на издавачите односно авторите на денот на отварањето на Конкурсот.

4.4. Материјалите под точка 4.2. и 4.3. се доставуваат во затворен пакет на кое е запишано само ‘КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИК’ и името на учебникот, адреса – Министерството за образование и наука – Педагошка служба, ул.”50-та Дивизија” бб Скопје.

4.5. Еден издавач, односно автор/и може да конкурира со повеќе ракописи за учебници за еде наставен предмет, но пакувањето се врши за секој ракопис одделно.

5. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

5.1. Понудите за ракописи на учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и оние кој не се изработени согласно со условите на овој Конкурс, нема да се разгледуваат.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА