Македонски Конкурси и тендери КОНКУРС за избор на наставници, соработници, административен и помошен персонал на Технолошко-Техничкиот факултет во Велес

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

КОНКУРС за избор на наставници, соработници, административен и помошен персонал на Технолошко-Техничкиот факултет во Велес
31.07.2008
Врз основа на член 34 од  Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008) и Законот за основање на Технолошко-технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет  во состав на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола (“ Службен весник на РМ” бр. 81/2008), Матичната комисија на Технолошко-техничкиот факултет-Велес објавува  

КОНКУРС
за избор на наставници, соработници, административен и помошен персонал

 

Технолошко-техничкиот факултет-Велес има потреба од:

I. Наставници во сите наставно-научните звања за научните области/предмети:

  1. Технологија на прехрамбените производи: 5 извршители.
  2. Машинство: 5 извршители.
  3. Математика: 1 извршител.
  4. Физика: 1 извршител.
  5. Хемија: 1 извршител.
  6. Биологија: 1 извршител.
  7. Информатика: 1 извршител

 II. Соработници:

II.1. Асистенти  за наставно-научните области/предмети:

-  Технологија на прехрамбени производи - 1 извршител;

-  Машинство - 1 извршител;

II.2. Помлади асистенти за наставно-научните области/предмети:

-  Технологија на прехрамбени производи - 1 извршител;

-  Машинство - 2 извршители;

-  Математика - 1 извршител.

III. Административен кадар и помошен персонал

  1. Секретар, со ВСС , дипл. Правник - 1 извршител. 
  2. Благајник-сметководител, со ВСС, дипл. Економист - 1 извршител.
  3. Координатор-референт на кредит трансфер системот, со ВСС - 1 извршител.
  4. Референт за студентски прашања, со ВСС - 1 извршител.
  5. Информатичар, ВСС - 1 извршител.
  6. Економ - домаќин, со ССС , Средно техничко образование - 1 извршител.
  7. Хигиеничар, со ССС - 1 извршител.
  8. Портир-чувар, со ССС и лиценца за обезбедување - 1 извршител.

Критериуми за избор:

За кандидатите од глава I  при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во наставно-научни звања од член 124 и 125 од Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008).

За кандидатите од глава II.1.  при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во  асистент од член 130 од Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008).

За кандидатите од глава II.2.  при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во помлад  асистент од член 129 од Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008).

Кандидатите од глава I  и од глава II, ќе бидат избрани во рокови кои се определени во член 134 од Законот за високото образование(“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008).

Кандидатите од глава III   ќе засноваат работен однос на неопределно време.

За кандидатите од глава  III работното искуство ќе се смета за предност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови предвидени во Законот за работните односи, а  задолжително  доставуваат:

  1. Пријава;
  2. Кратка биографија;
  3. Диплома за завршено образование, во оригинал или копија заверена кај нотар;
  4. Листа од научни трудови објавени во публикации и потврда за познавање на странски јазик ( за кандидатите од глава I  и глава II);
  5. Потврда за тригодишно работно искуство или потврда за еден мандат како помлад асистент ( за кандидатите од глава II.1.)
  6. Уверение за положен стручен испит (лиценца) во оригинал или копија заверена кај нотар ( за кандидатите од глава III, точка 8);
  7. Извод од матична книга на родените;
  8. Уверение за државјанство.

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна до 4-ти август, до Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола, на ул. “Бул. 1-ви Мај” бб со назнака “За Матичната комисија на Технолошко-технички факултет-Велес”.

Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се земат на разгледување.

Конкурсот е објавен на интернет страницата:

http://www.uklo.edu.mk

Информации на телефон: 047 223 788