|
Врз основа на член 34 од Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008) и Законот за основање на Технолошко-технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола (“ Службен весник на РМ” бр. 81/2008), Матичната комисија на Правниот факултет-Кичево објавува КОНКУРС за избор на наставници, соработници, административен и помошен персонал Правниот факултет-Кичево има потреба од: I. Наставници во сите наставно-научните звања : - од областите на правните науки: 5 извршители: - од областите на економските науки : 1 извршител; - од областите на политичките науки: 1 извршител. II. Соработници: II.1. Aсистент од областите на правните науки: 1 извршител. II.2. Помлади асистенти од областите на правните науки: 3 извршители. III. Административен кадар и помошен персонал: - Секретар, со ВСС , дипл. правник - 1 извршител.
- Референт за студентски прашања, со ВСС - 1 извршител.
- Благајник-сметководител, со ВСС, дипл. Економист- 1 извршител.
- Информатичар, со ВСС - 1 извршител.
- Економ - домаќин, со ССС , Средно техничко образование - 1 извршител.
- Хигиеничар, со ССС - 2 извршители.
- Портир-чувар, со ССС и лиценца за обезбедување - 1 извршител.
Критериуми за избор: За кандидатите од глава I при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во наставно-научни звања од член 124 и 125 од Законот за високото образование(“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008). За кандидатите од глава II.1. при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во асистент од член 130 од Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008). За кандидатите од глава II.2. при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во помлад асистент од член 129 од Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008). Кандидатите од глава I и од глава II, ќе бидат избрани во рокови кои се определени во член 134 од Законот за високото образование(“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008). Кандидатите од глава III ќе засноваат работен однос на неопределно време. За кандидатите од глава III работното искуство ќе се смета за предност. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови предвидени во Законот за работните односи, а задолжително доставуваат: - Пријава; - Кратка биографија; - Диплома за завршено образование, во оригинал или копија заверена кај нотар; - Листа од научни трудови објавени во публикации и потврда за познавање на странски јазик (за кандидатите од глава I и глава II); - Потврда за тригодишно работно искуство или потврда за еден мандат како помлад асистент (за кандидатите од глава II.1.); - Уверение за положен стручен испит (лиценца) во оригинал или копија заверена кај нотар ( за кандидатите од глава III, точка 7); - Извод од матична книга на родените; - Уверение за државјанство. Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна до 4-ти август, до Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола, на ул. “Бул. 1-ви Мај” бб, со назнака “За Матичната комисија на Правен факултет-Кичево”. Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се земат на разгледување. Конкурсот е објавен на интернет страницата: http:// www.uklo.edu.mk Информации на телефон: 047 223 788
|