Македонски Конкурси и тендери Конкурс за избор на наставници, истражувачи и соработници на Универзитетот за Информатички Технологии во Скопје

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Конкурс за избор на наставници, истражувачи и соработници на Универзитетот за Информатички Технологии во Скопје Array Верзија за печатење Array
23.07.2008

Врз основа на членот 34 од Законот за високото образование (“Службен весник на Република Македонија”, бр.35/2008) и Законот са основање на Универзитет за информатички технологии во Скопје (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 81/2008) Матичната комисија за основање на УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ ВО СКОПЈЕ распишува

КОНКУРС

 

I. За избор на наставници, истражувачи и соработници на Универзитетот:

1.  НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ ЗВАЊА ЗА НАУЧНИТЕ ОБЛАСТИ:

1.1. Математички науки - 3 извршители;
1.2. Информациско-комуникациски технологии – 15 извршители;
1.3. Бизнис, менаџмент и маркетинг – 2 извршители.

2. ИСТРАЖУВАЧИ ВО СИТЕ ЗВАЊА ЗА НАУЧНИТЕ ОБЛАСТИ:

2.1.  Математички науки - 2 извршители;
2.2.  Информациско-комуникациски технологии – 5 извршители.

3. АСИСТЕНТИ/ПОМЛАДИ АСИСТЕНТИ ЗА НАУЧНИТЕ ОБЛАСТИ:

3.1. Математички науки - 3 извршители;
3.2. Информациско-комуникациски технологии – 15 извршители;
3.3. Бизнис, менаџмент и маркетинг – 2 извршители.

4. АСИСТЕНТИ-ИСТРАЖУВАЧИ/ПОМЛАДИ АСИСТЕНТИ-ИСТРАЖУВАЧИ ЗА НАУЧНИТЕ ОБЛАСТИ:

4.1. Математички науки - 2 извршители;
4.2. Информациско-комуникациски технологии – 5 извршители.

II. За засновување на работен однос на неопределено време во СТРУЧНАТА И АДМИНИСТРАТИВНАТА СЛУЖБА на Универзитетот:

1. Одделение за правни работи - 3 извршители;
2. Одделение за финансии и сметководство - 2 извршители;
3. Одделение за студентски прашања - 4 извршители;
4. Библиотекар - 1  извршител;
5. Одржувач на информативниот систем - 2 извршители;
6. Координатор на кредит трансфер системот - 1 извршител;
7. Технички секретар – 2 извршители.

III. За засновување на работен однос на определено време во траење од една година:

1. ИКТ- лаборант – 20 извршители

Критериуми за избор:

Кандидатите за избор во наставно-научни звања на факултетите и во научни звања на институтите треба да имаат докторат на науки во научната област за која се врши изборот, како и да ги исполнуваат останатите услови наведени во членовите 124 и 125 од Законот за високото образование, односно членовите 35 и 36 од Законот за научно-истражувачката дејност (“Службен весник на Република Македонија, бр. 46/2008)”.

Кандидатите за избор во асистент и асистент-истражувач треба да имаат завршено последипломски студии во научната област за која се врши изборот и да ги исполнуваат останатите услови наведени во членот 130 од Законот за високото образование, односно членот 37 од Законот за научно-истражувачката дејност.

Кандидатите за избор во помлад асистент и помлад асистент-истражувач треба да имаат завршено последипломски студии во научната област за која се врши изборот и да ги исполнуваат останатите услови наведени во членот 129 од Законот за високото образование, односно членот 37 од Законот за научно-истражувачката дејност.

Кандидатите во Одделението за правни работи треба да имаат завршен правен факултет и најмалку 5 години работно искуство на правни работи во областа на образованието (1 извршител), односно завршен правен факултет и најмалку 2 години работно искуство на правни работи (2 извршители).

Кандидатите во Одделението за финансии и сметководство треба да имаат завршен економски факултет и сертификат за сметководствени работи или завршен економски факултет и најмалку 2 години работно искуство во областа на сметководството.

Кандидатите во Одделението за студентски прашања треба да имаат завршено високо образование.

Кандидатот за библиотекар треба да има завршено високо образование и познавање на библиотекарската дејност.

Кандидатите за одржувачи на информативниот систем треба да имаат завршен факултет за информатика или информациско-комуникациски технологии.

Кандидатот за координатор на кредит-трансфер системот треба да има завршено високо образование.

Кандидатите за технички секретар треба да имаат завршено филолошки факултет – англиски јазик.

Кандидатите за ИКТ-лаборанти треба да имаат завршено факултет за информатика или информациско-комуникациски технологии, со просечна оценка најмалку осум (8) и да покажуваат способност за научно-наставна, односно научно-стручна дејност.

 

Сите кандидати покрај општите услови треба да ги поседуваат и следниве знаења и вештини: работа со компјутери и активно познавање на англискиот јазик.

Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето.

Документите да се доставуваат во печатена форма до Министерството за образование и наука, ул “Димитрија Чуповски”  бр. 9, Скопје.

Документи:

Кандидатите од странство ја најавувааат својата апликација на конкурсот по електронски пат на следната Е-маил адреса: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it .

Информации на телефон:

(+ 389)  02 3106 524;  02 3222 725; Е-маил This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it

Контакт лице во МОН: Дијана Гирасова