Македонски Конкурси и тендери КОНКУРС за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за учебната 2008/2009 година

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

КОНКУРС за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за учебната 2008/2009 година Array Верзија за печатење Array
09.07.2008

Врз основа на член 30 од Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 37/98; 40/03), Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за учебната 2008/2009 година

 

Во учебната 2008/2009 година во државните студентски домови и други соодветни објекти за сместување во Република Македонија ќе се примаат редовни студенти од универзитетите во Република Македонија и тоа во:

1. СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР "СКОПЈЕ" - СКОПЈЕ со вкупно 2.868 легла

1.1. Студентски дом "Гоце Делчев" со 1.115 легла;
1.2. Студентски дом "К.Ј. Питу" со 420 легла;
1.3. Студентски дом "Стив Наумов" - машка зграда со 489 легла;
1.4. Студентски дом "Стив Наумов" - женска зграда со 493 легла;
1.5. Студентски дом "Н. Георгиева Дуња" - бараки со 351 легла;

2. ДСД “ПЕЛАГОНИЈА”- СКОПЈЕ со 943 легла;
3. СД “НИКОЛА КАРЕВ” - ОХРИД со 340 легла;
4. СМЕСТУВАЧКИ ОБЈЕКТ “МАКЕДОНИЈА”- ШТИП со 112 легла;
5. ДСД “ОРДЕ ЧОПЕЛА”- ПРИЛЕП со 346 легла;
6. ДСД “Т.СТЕФАНОВСКИ СЕНИЌ”- СКОПЈЕ со 359 легла;
7. СД “КОЧО РАЦИН” - БИТОЛА со 360 легла;
8. ДСД “Браќа Миладиновци”- Штип со 176 легла;
9. ДСД “Доне Божинов”- Пробиштип со 130 легла;
10. ДСД “Бранко Станоевиќ” - Гостивар со 74 легла.

Од вкупниот број расположиви места во студентските домови, комисијата обезбедува до 20 % од вкупните места за студенти кои за прв пат ќе бидат запишани на факултетите и високите школи

I. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ

I.1. Право на прием имаат редовни студенти кои се школуваат надвор од местото на живеење и тоа:

  1. Редовни студенти на факултети кои имаат помалку од осум семестри и не повторувале студиска година;
  2. Редовни студенти на факултети кои имаат осум семестри и не повторувале повеќе од една студиска година;
  3. Редовни студенти на факултети кои имаат над осум семестри и не повторувале повеќе од две студиски години;
  4. Да се државјани на Република Македонија.

I.2. Студентите на кои им е изречена дисциплинска мерка исклучување (отстранување) од домот или имаатнеподмирени долгови кон домот, немаат право на прием.

I.3. Студентите кај кои Комисијата за прием ќе констатира злоупотреба на добиеното легло, истото ќе им биде одземено и доделено на студент од листата на чекање за соодветниот дом.

II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.raspredelba.gov.mk.

За студентите кои се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава.

Рок за пријавување на студентите од II година и повисоките студиски години почнува од 25.07.2008 година до 15.08.2008 година.

Рок за пријавување на студентите од I година почнува од 30.08.2008 година до 05.09.2008 година.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и се избрани на прелиминарната ранг-листа, потребно е да ги достават следните документи:

  1. Потврда за успех и редовност во студирањето на студентот;
  2. Потврда за семејно-материјална положба на студентот, односно неговото семејство;
  3. Потврда за редовност во учењето на учениците и студентите, членови на семејството;
  4. Потврда за висината на последната исплатена нето месечна плата за секој член во семејството, за пензионери чек од последната пензија, а за невработените потврда од соодветен орган;
  5. Студентите – брачни другари, доставуваат извод од матичната книга на венчани;
  6. Изјава од родителот – старателот за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана;
  7. Новозапишаните студенти од 1 година, наместо потврда за успех и редовност (точка 1), да достават копии од свидителства за завршена I, II, III и IV средно образование.

Горенаведените документи се доставуваат до Министерство за образование и наука, од 18.08.2008 година до 22.08.2008 година, а студентите од I година документите ги доставуваат од 08.09.2008 година до 12.09.2008 година.

IV. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ

IV.1. Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (превземете го законот) и Правилникот за начинот и постапката за прием на студентите во државните студентски домови (презвемете го правилникот).

Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во студирањето, редовноста во студирањето и семејно-материјалната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.

IV.2. Прелиминарните резултати од конкурсот за студентите од II година и повисоките студиски години ќе бидат објавени на 17.08.2008 година на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на интернет порталот www.raspredelba.gov.mk.

Приговор по резултатите се доставува до Mинистерството во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 28.08.2008 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет порталот www.raspredelba.gov.mk.

Непополнетите места ќе се пополнуваат со студенти од листата на чекање, кои ги исполнуваат условите.

IV.3. Прелиминарните резултати од конкурсот за прием на студенти од I година ќе бидат објавени на 06.09.2008 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет порталот www.raspredelba.gov.mk.

Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до архивата наминистерството.

Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 13.09.2008 година на огласните табли во студентските домови, за кадешто конкурирал студентот и на интернет порталот www.raspredelba.gov.mk.

IV.4. Доколку се обезбедени соодветни услови слободните места во студентските домови ќе може да се пополнатсо ученици, редовно запишани во училиштата за средно образование надвор од местото на живеење.

V. РОКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ

Студентите од повисоките студиски години се вселуваат во студентските домови од 01.09.2008-09.09.2008 година.

Студентите од I година (бруцоши) се вселуваат во времето од 15.09.2008-21.09.2008 година.


МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА