Македонски Конкурси и тендери Студиски стипендии за мастер по европски студии во Парма

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Студиски стипендии за мастер по европски студии во Парма Array Верзија за печатење Array
25.05.2008
Студиски стипендии за мастер на фондацијата Европски Колеџ од Парма
ДИПЛОМА ПО ЕВРОПСКИ СТУДИИ (ДАСЕ)
академска година 2008/2009
 

Институција организатор:
Фондација Европски Колеџ од Парма во соработка со италијанското Министерство за надворешни работи;
 
Цели:
Обуката на Фондацијата на Европскиот Колеџ од Парма подготвува млади луѓе кои поседуваат диплома за завршени правни, економски или политички студии и политики на Европската Унија од целиот свет нудејќи можност за продлабочување на интердисциплинарната и мултикултурната природа во процесот на европската интеграција. Студиите вклучуваат механизми кои го регулираат деликатниот процес на европскат а интеграција, нудејќи можност на учење за живеење и работење во меѓународен контекст како и стекнување на Диплома  за европски студии (ДАСЕ). Обуката овозможува подгготовка особено за работење во европските, националните и локалните институции и  асоцијации, во областа на претприемаштвото и слободните професии.

Корисници:
Мастерот е предвиден за 20 кандидати од различни Земји, кои поседуваат диплома за завршени правни, економски и политички студии и политички студии за Европската Унија  во врметраење од 4 години. Кандидатите треба да имаат познавање на италијански, англиски и француски јазик заради следење на наставата

Место:
Курсевите ќе се одвиваат во Парма
 
Времетраење:
10 месеци, академска година 2008/209 година, почнувајќи од септември 2008 година

Стипендија:
Предвидува  месечен износ од 1000 Евра од кои 900 Евра треба да бидат уплатени од страна на студентот на сметка на Колеџот во Парма на име трошоци за  сместување, исхрана, урбан транспорт и дидактички материјал. Остатокот од 100 Евра е предвиден за останати трошоци на стипендистот. Здравственото осигурување на стипендистите е на терет на италијанското Министерство за надворешни работи

Реквизити:
Формуларот за пријавување може да биде симнат од следната Веб страница на Колеџот од Парма
(http://www.europeancollege.it/allegati_upload/dase/1_allegato2_FILE.doc) и неговиот прилог треба да бидат доставени по електронска пошта до Колеџот од Парма. Универзитетската диплома и уверението за положени испити треба да бидат  преведени од страна на судски преведувач 
(види листа на судски преведувачи на следната Веб страница:
(http://www.ambskopje.esteri.it/NR/rdonlyres/FAEB2FB8-7AD1-4076-824D-386B01E6B5A3/0/Elencotraduttori2008COMLESSIgen08.doc)
 
Заинтересираните треба да го достават до Амбасадата и пополнетото барање за стипендија, со кое треба да се приложат и следните документи:
  • универзитетска диплома и Уверение за положени испити - преведени на италијански од судски преведувач;
  • фотокопија од пасош - валиден;
  • биографија;
  • анаграфски податоци, со наведување на адреса, телефони и е-маил;
  • сопствена изјава за враќање во родната земја после завршувањето на курсот.

Процедура:
а) испраќање на формуларот за пријавување заедно со бараната документација директно до Колеџот по електронска пошта;
б) доставување на барањето за стипендија со приложената барана документација во три примероци (1 оригинал и 2 фотокопии) во Амбасадата со претходно закажување
Термин на поднесување на барања:
23 јуни 2008 година
 
Лице за контакт:
Стефанија Ланџу тел. 02/3236523
e-mail: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it