|
КОНКУРС за доделување на стипендии во траење од 36 месеци за учење на италијански јазик и култура во Перуџа или Сиена |
Array Верзија за печатење Array |
|
25.04.2008 |
|
Владата на Италија за учебната 2008-2009 година доделува стипендии во траење од 36 месеци за изучување на италијански јазик и култура (за студенти од државните Универзитети во Р.М) на Универзитетите за странци во Перуџа или Сиена, и тоа: - 15 двомесечни стипендии се наменети за редовни студенти на ИИИ година на Катедрата за италијански јазик на Филолошкиот факултет- Скопје;
- 6 едномесечни стипендии се наменети за студенти на ИИ и ИИИ година, а кои студираат на: Архитектонски факултет, Факултет за музичка уметност, Факултет за ликовни уметности, Факултет за туризам, Педагочки факултет, како и на Филозовски факултет.
Неопходни документи за конкурирање: - Формулар за барање на стипендија
- фотокопија од Индексот за запишан семестар, односно година;
- фотокопија од првата страница на Индексот
- уверение за положени испити со среден успех (8.00);
- да не се корисници на стипендии од Владата на Република Италија;
- потврда или изјава за познавање на италијанскиот јазик;
- документ за докажување на државјанството (уверение за државјанство, фотокопија од лична карта или пасош).
Документите се доставуваат во два примероци. Краен рок за пријавување е 9 мај 2008 година. Формулари за поднесување на кандидатитурите, како и подетални информации можат да се добијат во Министерството за образование и наука, Бул. “Илинден” б.б. - Скопје, тел 3118 - 022, локал 127.
|