|
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА објавува К О Н К У Р С за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2008/2009 година во Република Македонија
Во согласност со член 42 Законот за средното образование (Сл.весник на РМ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07 год.) и Законот за стручно образование и обука (Сл. Весни на РМ 71/06), запишувањето ученици во јавните средни училишта (средно општинско училиште, средно училиште на Град Скопје и државно средно училиште) се врши по пат на Конкурс кој го објавува Министерството за образование и наука во средствата за јавно информирање, по предлог на основачот.
Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2008/2009 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование и обука (техничко образование - четиригодишно треаење), стручно образование (од тригодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби. Целиот текст на конкурсот може да го симнете овде.
|