Македонски Конкурси и тендери Отворениот повик - FP7-REGPOT-2008-1

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Отворениот повик - FP7-REGPOT-2008-1 Array Верзија за печатење Array
15.02.2008

Почитувани апликанти на повиците за надградба на капацитети,

Отворениот повик FP7-REGPOT-2008-1 е наменет за јакнење на истражувачките капацитети : купување опрема во висина од 300-450.000 евра, вработување кадри, и умрежување со препознатливи истражувачки центри од Европа.
Крајниот рок за пријавување е 14.03.2008 г.,
Времетраење на проектот е до 36 месеци,
Број на учесници- точно еден,
инструмент : ССА,
Висина на буџет по проект : од 500.000 до 1 мил. евра

Министерството за образование и наука организира работилница за подготовка на предлог проекти за учество на овој повик за сите заинтересирани кои досега учествувале на слични повици ( wbw call-2005.3 и FP7-REGPOT-2007-3 ) а кои не успеале да добијат финансирање како и до сите оние кои планираат учество на тековниот повик. Предавач ке биде Проф.др. Александар Белиќ, најуспешниот истражувач и експерт за овој вид повици . Ве молиме за работилницата да подготвите концепт за предлог проектот напишан на 2 страни А4 формат во кој особено внимание ке посветите на следниве прашања:

1. Што и колку е потребно за Вашиот центар, лабараторија,факултет или институт по завршувањето на проектот навистина да стане Центар на извонредност
2. Кои се истражувачките теми ( отворени се сите приоритети)
3. Колку и кои истражувачи ке бидат вклучени во проектот ( препорака: од 5-15 доктори на науки од институцијата и помлад научно-истражувачки кадар)
4. Кој е раководител на проектот ( оној кој го предлага и ке работи на проектот)
5. Каква опрема се купува ( препорака: 1-2 парчиња во висина од 300.000 евра, по исклучок и до 450.000 евра со добро образложение за тоа.)
6. Кои институции се странски партнери ( препознатливи истражувачки институции од ЕУ како и оние со кои остварувате добра соработка: 3-4 институции. Странските партнери се потребни за размени, обуки и сл.)

Сите оние кои добиле високи оцени за аплицираниот проект но не се финансирани, во своите предлог проекти да ги внесат измените и дополнувањата согласно добиениот Суммарѕ Репорт.


Канцеларијата за ФП7 во Министерството за образование и наука е отворена за целосна соработка.
Контакт: Виолета Атанасовска  This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it , Марина Николовска  This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it