|
К О Н К У Р С - за заеднички научно-истражувачки проекти со Република Хрватска за 2008 и 2009 година |
Array Верзија за печатење Array |
|
20.12.2007 |
Право на учество имаат: универзитети, факултети и други научни установи и самостојни истражувачи.
Приоритетни области во соработката се:
* земјоделие * биомедицина * природни науки * хуманистички науки * сеизмологија
Согласно правилникот и критериумите за доделување средства за поттикнување и помагање на научно-истражувачката дејност (Сл.весник на РМ бр.3/2005 член 8) во реализација на проектот учествуват:
Главен истражувач со научно звање доктор на науки и најмалку уште два истражувачи со научно или наставно звање евидентирани во регистерот на Министерството за образование и наука .
Главниот истражувач приложува хронолошки список на своите трудови, објавени во последните пет години, од кои во последните три години да има објавени најмалку четири рецензирани труда, од нив најмалку два да се објавени во странско списание.
Други неопходнои услови за учество на конкурсот: - писмена согласност од соодветна хрватска институција за заеднички истражувања;
-писмен предлог на проектната тема од страна на институцијата на поднесителите на проектот.
Горе наведените документи , се поднесуваат во два примероци истовремено во двете земји.
Истовремено, потребно е да се приложи и потполнет образецот ОБ-1 и формулар кој се наоѓа на веб-страница: www.mon.gov.mk
Конкурсот е отворен од 20 декември 2007 до 31 јануар 2008. некомплетните документи нема да бидат предмет на разгледување
Рангирањето на предлозите ќе го изврши Минестерството за образование и наука, согласно со критериумите и постапката за рецензирање, наведена во правилникот. Конечната одлука за прифаќање на предлог-проектите ќе ја донесе мешовитата комисија за научно-техничка соработка.
По детални информаци се добиват во стручната служба на МОН, на тел: 02 3118022. лок171
|