Македонски Конкурси и тендери КОНКУРС за одобрување и издавање на учебници за второ одделение и за трето одделение за деветгодишно основно образование

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

КОНКУРС за одобрување и издавање на учебници за второ одделение и за трето одделение за деветгодишно основно образование Array Верзија за печатење Array
18.12.2007

 

Врз основа на член 80-в став 2 од Законот за основното образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 63/2004, 82/2004, 55/2005, 81/2005, 113/2005, 35/2006, 70/2006 и 51/2007), Министерството за образование и наука, објавува

 

КОНКУРС
за одобрување и издавање на учебници за второ одделение и за трето одделение за деветгодишно основно образование

 

1. ОПШТИ УСЛОВИ

1.1. Нарачател: Министерство за образование и наука, Педагошка служба, ул. ,,50-та Дивизија,, бб Скопје.

1.2. Предмет на конкурсот: прибирање понуди за ракописи на учебници за одобрување и издавање на учебници за деветгодишно основно образование за второ одделение и за трето одделение.

РАКОПИСИ ЗА УЧЕБНИЦИ ЗА ВТОРО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДЕВЕТГОДИШНО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ:

  1. Македонски јазик за второ одделение;
  2. Албански јазик за второ одделение;
  3. Турски јазик за второ одделение;
  4. Српски јазик за второ одделение;
  5. Математика за второ одделение;
  6. Запознавање на околината за второ одделение;

РАКОПИСИ ЗА УЧЕБНИЦИ ЗА ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДЕВЕТГОДИШНО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ:

  1. Македонски јазик за трето одделение;
  2. Албански јазик за трето одделение;
  3. Турски јазик за трето одделение;
  4. Српски јазик за трето одделение;
  5. Математика за трето одделение;
  6. Запознавање на околината за трето одделение;
  7. Англиски јазик за второ и за трето одделение (во еден ист учебник се обработуваат содржините за второ и за трето одделение).

1.3. Конкурсот е јавен, отворен и анонимен. Авторството и сопственоста на одобрениот учебник се докажува со седмиот примерок на ракописот за учебник;

1.4. Ракописот за учебник се изработува во согласност со Концепцијата за учебник за основно образование, Наставните програми за наставните предмети во второ и трето одделение во деветгодишно основно воспитание и образование во Република Македонија.

1.5. Право на учество на Конкурсот имаат сите автори на учебници и издавачи на учебници во Република Македонија, кои ги исполнуваат условите утврдени со закон;

1.6. Ракописот за учебник се доставува во 6 (шест) технички уредени примероци, изработени согласно Концепцијата за учебник за основно образование. Првата наставна тема во ракописот треба да е целосно дизајнирана;

1.7. Министерот од списокот на рецензенти определува лица кои го рецензираат ракописот на учебник.

1.8. Подготовката, печатењето, дистрибуцијата и продажбата на учебниците е право и обврска на издавачот на учебникот, односно авторот на учебникот;

1.9. Издавачот, односно авторот на учебникот е должен за одобрените учебници да обезбеди превод и печатење на јазиците на заедниците на кои се изведува наставата во основното образование;

1.10. Финансиските средства потребни за издавање и печатење на учебниците се обврска на издавачот, односно авторот на учебникот;

1.11. Дистрибуцијата на учебниците за второ и за трето одделение во деветгодишното основно образование треба да отпочне 10 дена по издавањето на учебникот.

2. РОКОВИ

Рок за доставување на ракописите за учебници е заклучно со 3 април 2008 година.

2.2. По одобрувањето на ракописот, издавачот, односно авторот е должен да го издаде учебникот во рок од 30 дена по добивањето на решението.

3. КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

3.1. Конкурсната документација може да се преземе во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул. ,,50-та Дивизија,, бб Скопје.

3.2. Конкурсната документација содржи: Наставни програми за второ и за трето одделение во деветгодишното основно образование за кои треба да се изготват ракописи за учебници, Концепција за учебник за основно образование и извадок од Законот за основното образование.

4. ДОСТАВУВАЊЕ НА РАКОПИСИТЕ

4.1. Понудите за ракописите за учебници се доставуваат препорачано по пошта или со предавање во Архивата на Министерството за образование и наука - Педагошка служба, ул.,,50-та Дивизија,, бб Скопје.

4.2. На предната страна на пратката, во горниот лев агол, треба да биде назначено ,,НЕ ОТВАРАЈ,, и ,,КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИ,, насловот на ракописот за учебник, одделение или година, а во средината адресата: МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА, ул.,,50-та Дивизија,, бб Скопје.

4.3. Издавачите односно авторите на учебници, во доставениот пакет во затворен плик на кои пишува ,,НЕ ОТВАРАЈ,, треба да достават:

Име на издавачот, потврда дека против издавачот не е поднесена стечајна постапка заверена од надлежен орган, име и презиме на авторот/ите и уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат. Овој плик се отвара по донесување на решение за одобрување и употреба на учебниците, во присуство на издавачите односно авторите на денот на отварањето на Конкурсот.

4.4. Материјалите под точка 4.2. и 4.3. се доставуваат во затворен пакет на кое е запишано само ,,КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИК,, и името на учебникот, адреса - Министерство за образование и наука - Педагошка служба, ул.,,50-та Дивизија,, бб Скопје.

4.5. Еден издавач, односно автор/и може да конкурира со повеќе ракописи за учебници за еден наставен предмет, но пакувањето се врши за секој ракопис одделно.

5. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

5.1. Понудите за ракописи на учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и оние кои не се изработени согласно со условите на овој Конкурс, нема да се разгледуваат.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА