|
КОНКУРС за доделување на стипендии за Европски студии на колеџот на Европа со седиште во Бриж (Белгија) и Натолин (Полска) во учебната 2008/2009 година |
Array Верзија за печатење Array |
|
10.12.2007 |
|
Програмата е организирана како едногодишни последипломски интердисциплинарни европски студии од областа на: правните, политичките, економските и социјалните науки. Наставата се изведува на англиски и француски јазик. Познавањето на двата јазика се докажува со меѓународно признаени сертификати (TOEFL, IELTS, DELF и др.) Кандидатот треба да е помлад од 30 години. Неопходни документи за пријавување: Универзитетска диплома (фотокопија + превод на француски или англиски јазик), Уверение за положени испити (фотокопија + превод на француски или англиски јазик), Биографија, Сертификат за познавање на англиски и француски јазик, Изјава за познавање на странските јазици, Две препораки од универзитетски професори. Документите се доставуваат во три примероци. Краен рок за пријавување е 15 јануари 2008 година. Пријавувањето е онлине на веб страницата: coleurope.eu , дополнителни информации можат да се добијат во Министерството за образование и наука, бул. “Илинден” б.б. - Скопје, тел 3118 - 022, 3115-324, локал 131.
|