|
Врз основа на член 55 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00) и член 50 и 51 од Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр.37/98), Министерството за образование и наука, распишува КОНКУРС за доделување студентски стипендии за учебната 2007/08 година За учебната 2007/08 година Министерството за образование и наука ќе додели: - 1.360 студентски стипендии за редовни студенти, кои студираат на државните универзитети во Република Македонија. - 240 студентски стипендии за редовни студенти, кои студираат на приватните универзитети и факултети во Република Македонија. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА Право на студентска стипендија имаат кандидатите кои студираат на државните високи школи и факултети во Република Македонија. I/1. За студенти од: · Архитектонски факултет · Факултет за биотехнички науки · Градежен факултет · Електро-технички факултет · Машински факултет · Природно-математички факултет · Рударско-геолошки факултет-Штип · Технички факултет – Битола · Технолошко-металуршки факултет · Факултет за земјоделски науки и храна · Шумарски факултет потребно е да ги исполнуваат следните услови: 1. Да се редовни студенти; 2. Да има постигнат просечен успех од I, II, III, IV и V година на студии најмалку 8 (осум) и имаат положено најмалку 90% од испитите од претходните години; 3. Да не повторувале година во текот на образованието; 4. Да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми; 5. Да се државјани на Република Македонија. I/2. За студенти кои студираат на останатите државните високи школи и факултети, кои што не се спомнати во точка I/1 потребно е да ги исполнуваат следните услови: 1. Да се редовни студенти; 2. Да има постигнат просечен успех од I, II, III, IV и V година на студии најмалку 8,5 и имаат положено најмалку 90% од испитите од претходните години; 3. Да не повторувале година во текот на образованието; 4. Да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми; 5. Да се државјани на Република Македонија. I/3. За студенти кои студираат на приватните високи школи и факултети, потребно е да ги исполнуваат следните услови: 1. Да се редовни студенти; 2. Да има постигнат просечен успех од I, II, III, IV и V година на студии најмалку 8,5 и имаат положено најмалку 90% од испитите од претходните години; 3. Да не повторувале година во текот на образованието; 4. Да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми; 5. Да се државјани на Република Македонија. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Начинот на пријавување на кандидатите е преку електронската пријава поставена на веб страната http://www.raspredelba.gov.mk, почнувајќи од 15.10.2007 година до 31.10.2007 година. Прелиминарниот список ќе се објави на 05.11.2007 година. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ Кандидатите од прелиминарниот список, кој ќе биде објавен на веб страната на Министерството за образование и наука http://www.mon.gov.mk, до Министерството за образование и наука, ул.Пролет бр.1 – Скопје треба да достават: 1. Индекс на увид; 2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за учебната 2007/08 година за студентите од II, III, IV, V и VI година, како и уверение со бројот на предвидените и положените испити од претходните години, во кое ќе биде наведено дека кандидатот има положено 90% од испитите од претходните години; 3. Уверение од управата за приходи на општината за материјалната положба на родителите - старателот на кандидатот; 4. Уверение од управата за приходи на општината за материјалната положба на кандидатот; 5. Лична изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија или кредит; 6. Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството (за пензионираните испратница од пензија) за месец август 2007 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата. За невработените членови на семејството, да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат-непримаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат), додека за учениците и студентите потврди од училиштето, односно факултетот; 7. Уверение за државјанство на Република Македонија. Студентите од II година кои се постари од 22 години и дипломирале на еден факултет немаат право да конкурираат за студентска стипендија, како и студентите кои веќе еднаш користеле стипендија и студентски кредит. Документите на кандидатите од прелиминарниот список, кои се некомплетни и неблаговремено доставени, односно не ги запазиле конкурсните рокови и услови, нема да се рангираат. ВИСИНА НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА Висината на студентската стипендија за учебната 2007/08 год. ќе изнесува 3.300,00 денари месечно. Студентската стипендија се доделува за толку семестри колку се предвидени со општиот акт на соодветната високообразовна установа, без апсолвентски стаж за студирање, а се исплатува во месечни рати, за 9 месеци во текот на година. Конечните резултати од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Министерството за образование и наука http://www.mon.gov.mk. НАПОМЕНА: Корисниците на студентски кредит или студентска стипендија од претходните години потребната документација, согласно потпишаниот договор со Министерството, за продолжување на истите да ја достават најдоцна до 30.11.2007 година. Бр. _____________ МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ___________2007 год. И НАУКА Скопје МИНИСТЕР, Сулејман Рушити
|