|
КОНКУРС за едногодишна стипендија за постдипломски студии од областа на Популацијата и економскиот развој |
Array Верзија за печатење Array |
|
03.09.2007 |
|
Фондот за меѓународна соработка на Египет доделува една едногодишна стипендија за постдипломски студии од областа на Популацијата и економскиот развој за кандидат од Македонија. Студиите ќе се изведуваат од 1 јануари до 31 декември 2008 година на Институтот за Демографија во Каиро. Сите трошоци ги обезбедува Египетскиот фонд (повратен авионски билет, сместување и исхрана, месечен џепарец и школарина. Кандидатот треба да има завршено универзитетски студии со висок просек-одличен или многу добар успех. Препорачливо е кандидатот да има завршено економски факултет, филозофски-социологија, географија или статистика, одлично да го зборува и пишува англискиот јазик и да има најмалку три години работно искуство во проблематиката на популацијата и развојот. Потребни се следните документи: апликација се добива во Министерството за образование и наука, диплома плус превод на англиски јазик, уверение плус превод на англиски јазик, потврда за знаење на англиски јазик, препорака од работна организација и потврда за работно искуство.
|