Македонски Конкурси и тендери Конкурс за полагање на испит за директор на основно и јавно средно училиште

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Конкурс за полагање на испит за директор на основно и јавно средно училиште Array Верзија за печатење Array
30.08.2007

Врз основа на член 4 од Правилник за постапката и начинот на полагањето на испитот за директор на основно училиште, како и формата и содржината на уверението (,,Службен весник на Република Македонија,, број 36/2005) и член 4 од Правилник за постапката и начинот на полагањето на испитот за директор на средно училиште, како и формата и содржината на уверението (,,Службен весник на Република Македонија,, број 36/2005), Министерството за образование и наука - Комисија за полагање на испит за директор на основно и средно училиште, објавува

КОНКУРС

за пријавување на кандидати за подготовка за полагање на испит за директор на основно и јавно средно училиште

Министерството за образование и наука - Комисија за полагање на испит за директор на основно и средно училиште објавува дека од 1 септември заклучно со 20 декември 2007 година трае пријавувањето на кандидатите за подготовка за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште.

На овој конкурс може да се пријават сите кандидати кои ги исполнуваат условите за директор на основно, односно средно училиште утврдени во Законот за основното образование, односно во Законот за средното образование.

Кон пријавата кандидатот треба да приложи:

1.   Диплома за завршено соодветно образование (оригинал или копија заверена на нотар);

2. Потврда за работно искуство во воспитно-образовна дејност во установи верифицирани од Министерството надлежно за образование;

3. Уверение за стекната педагошко-психолошка и методска подготовка (ако кандидатот има стекнато образование на ненаставнички факултет или ненаставна група на факултет)

4.   Кратка работна биографија (резиме, Curriculum vitae); и

5.     Лекарска потврда за психофизичката состојба на кандидатот.

На сите кандидати кои ги исполнуваат условите за подготовка за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште ќе им се издаде потврда со која ќе можат да се пријават во акредитираните установи за подготовка за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште.

Пријавата со документацијата се доставува по пошта или директно во архивата на Комисија за полагање на испит за директор на основно и средно училиште чие седиште е во Министерството за образование и наука, ул. ,,Димитрија Чуповски,, бр. 9 Скопје

Некомплетните документи и пријавите кои ќе пристигнат по рокот утврден во овој конкурс нема да се земат во предвид.


                                                                Mинистерство за образование и наука

 

Пријава за подготовка на кандидат за директор

Молба за полагање на испит за директор

Жиро сметка

Уплатница