Македонски Конкурси и тендери ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ - ЕКОНЕТ Програма

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ - ЕКОНЕТ Програма Array Верзија за печатење Array
29.08.2007

 

http://www.egide.asso.fr/fr/programmes/econet/appel/

 

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ

 

Спроведувањето на програмата ЕКО-НЕТ, е финансирана од Министерството за Надворешни Работи на Франција уште од 2004 година, во рамки на КОКОП. Програмата го поддржува развојот на активности преку институции за истражување и високи француски образовни установи, во земјите на централна и источна Европа, балтичките земји, Балканските земји и во Новите независни Држави (зона ПЕКО-НЕИ ).

Поднесувањето на предлози за ЕКО-НЕТ проектите за првата година ќе се затвори на 28 септември 2007 година.

 

Цели

Целите на програмата ЕКО-НЕТ се следните :

l придружување во изградбата на европскиот Простор за истражување и придонесување во структурата на научните и технолошките соработки меѓу француски лаборатории за истражување и нови земји членки, зачленети земји и земји кандидати на европската Унија (освен Кипар,Малта и Турција) ;

l Отворање на европскиот истражувачки Простор кон западно Балканските Држави и Новите Независни Држави, со отворен влез преку Франција.

 

Избор на земји

Изборот на земјите за програмата ЕКО-НЕТ се следните :

Зона А : Македонија, Хрватска, Естонија, Маџарска, Летонија, Литванија, Црна Гора, Полска, Република Чешка, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Украина.

Зона Б : Албанија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Азебејџан, Белорусија, Бугарија, Грузија, Казакстан, Молдавија, Узбекистан, Таџикистан, Туркменистан.

 

За избор, потребно е во секоја кандидатура да има најмалку една земја од А зоната и една земја од Б зоната.

 

Видови на предмети

Програмата има за цел да поддржи предмети од регионален карактер. Потребно е, предложените проекти да имплицираат барем две установи од две изборни земји (една од А зоната, друга од Б зоната), и една француска установа која ќе биде подносител на предметот. Слободните билатерали предмети нема да бидат разгледувани.

 

Два вида на предмети се подджани од програмата и тоа :

 

- проекти за истражување и технолошки развој кои имаат за цел да се здобијат со нови познавања и кои располагаат со точно определена цел :

- активности за поддршка за спроведување врз основа на податоци и координација на активности за истражување и иновации.

 

Времетраење на активностите

Времетраењето на активностите поддржани од оваа програма е најмалку една година а најмногу две години.

 

Тематика

 

Секоја научна област може да биде избрана во програмата, хуманитарни науки, политички и социјални науки.

 

Финансирање

 

Доделени се финансирања на годишна основа за една или две последователни години. Максималната доделена финансиска поддршка за една година изнесува 20 000 евра. Доделените средства мора да бидат употребени меѓу 1-ви јануари и 31 декември за истата година, средствата не може да бидат префрлени за наредните активности. Обновувањето за втората година зависи од доставување на ново досие за кандидатура, придружено од извештај кој ќе биде показател на добиените резултати од првата година на проектот.

 

Врсти на доделените средства :

за проекти за истражување и технолошки развој и активности за поддршка на база на податоци и координирање на активности за истражување и иновација :

 

- миссии за француски истражувачи во земјите партнери (средства за транспорт и надоместок за престој),

- покана на странските истражувачи во Франција или во други изборни земји на програмата (средства за транспорт и надоместок за пресој),

- рефундирање на средства за организирање и работни состаноци, семинари, работилници, научни собири, летни школи до 15 000 евра од манифестација.

 

само за проекти за истражување и технолошки развој :

 

- освен горенапоменатите средства, може да бидат финансирани стажирања за истражувачи во Франција во времетраење од 1 до 3 месеци (средства за транспорт и надомест за издршка).

 

Исклучени се личниот доход за персоналот, надоместоци за работа или пак средства за учество.

Кофинансирањата доделени од француската установата за истражување и нејзините партнери треба да бидат назначени во досието за предлог. Учествувањето во актиностите на програмата ЕКО-НЕТ на европски неизборни земји е поддржано но не може да биде финансирано од програмата.

Доставување на предлози

Доставувањето на предлозите за првата година треба да биде извршено преку електронски пат до Ежид. Потребно е францускиот кандидат да ја достави истата документација во хартиена верзија до службата за меѓународни односи на својата установа или до мати£ната установа. Барањето за обновување на втора година активности треба да биде во електронска верзија, пополнето и испратено до Ежид од страна на одговорното лице на проектот, пред 1-ви ноември 2007 година, за проектите во тек, и пред 1-ви ноември 2008 година, за избраните проекти на крај на овој конкурс.

Оценување и избор на предмети на предлози за 1-ва година

По проверката на избраните предмети за предлози и предселективното вршење на предлозите од страна на службите за меѓународни односи на истражувачките установи и на засегнатите високообразовни установи во Франција, секој предмет е подложен на научна експертска проверка од страна на комисија за оценување на Националното Министерство за Образование и Наука. Меѓуминистерскиот комитет и дирекциите на засегнатите истражувачки установи во состав, ја извршуваат крајната проверка на предметите и ги избира оние на кои ќе им е доделна финансиска поддршка.

Освен високоит научен степен, главните критериуми се следните :

- структурната природа на проектот,

- кофинансирањето од француските истражува£ки установи и нивните странски партнери,

- учество на докторанти и млади истражувачи приклучени во активностите,

- понатамошно распространување и валоризирање на резултатите,

- европски перспективи.

 

Крајни датуми и роковник


Краен датум за поднесување на предлозите :

  • предлог за 1-ва година : 28 септември 2007 година.
  • Обновување на 2-та година : 1-ви ноември 2007 година.
  • Отпочнување на проектите : 1-ви јануари 2008 година.

Резултати

Списокот на задржани проекти ќе биде доставен до одговорните лица на проектите, до ДРИ на истражувачките установи или до француските високообразовни установи и на веб страница на Ежид.

Завршен извештај

Краен извештај треба да биде доставен до Ежид во текот на последниот месец на одвивањето на проектот со цел да се изработи преглед на извршената работа и презентирање на перспективите за научна валоризација и соработка. Овој извештај треба да ги изнесе резултатите од проектот и влијанието на францускиот и странскиот научен тим.

Бидејќи завршните извештаи на проектите ЕКО-НЕТ 2006-2007 се истечени за 2007 година, потребно е истите да се достават во три примероци во Ежид и една фотокопија на предметот по земја партнер пред 31-ви декември 2007 година.

 

- Симнетего образецот на завршниот извештај од интернет ХХ(189 ко) ХХ (110 ко)

Интелектуална сопственост

Право е на истражува£ите, одговорните на активностите, да ги превземат сите потребни одредби за заштита на интелектуалната сопственост. Посебно е важно да се внимава соработката во која учествуваат партнерите да не се доведе до трансферирање на француските технологии кон други земји.