Македонски Конкурси и тендери Конкурс за стипендирање 125 - студенти по информатика

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Конкурс за стипендирање 125 - студенти по информатика Array Верзија за печатење Array
23.08.2007

 

ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА 125 СТИПЕНДИИ ЗА ИНФОРМАТИЧАРИ !

 

Министерството за образование и наука во насока на реализирање на програмските определби на Владата на Република Македонија за подобрување на квалитетот на образованието и унапредување на информатичкото општество, доделува стипендии за студенти по информатика со цел да ги стимулира во постигнување на подобри резултати во студирањето.

Намерата на Владата на Република Македонија е на високообразовните институции да студираат мотивирани млади луѓе со цел да стекнат компатибилни знаења со светските достигнувања во областа на информатиката и да бидат конкурентни на пазарот на трудот.

Вкупните напори, Република Македонија да се престави како пожелна дестинација за инвестирање не може да се оствари без вложување во младите генерации.

Владата на Република Македонија тоа го знае и затоа вложува во иднината на Македонија.

 

КОНКУРС

за стипендирање 125 - студенти по информатика

 

Министерството за образование и наука доделува:

- 125 стипендии на талентирани студенти од студии по информатика на државните универзитети во Република Македонија.

УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

1. Право да конкурираат имаат кандидати кои се редовни студенти и студираат информатика на државните универзитети;

2. Во текот на студиите да постигнале најмалку 9 (девет) просечен успех;

3. Да не повторувале година во текот на студирањето;

4. Да не се корисници на друга стипендија или кредит;

5. Да се државјани на Република Македонија.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Начинот на пријавување на кандидатите е преку електронска пријава поставена на веб страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk почнувајќи од 24.08.2007 година до 03.10.2007 година.

МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Пријавените кандидати по објавувањето на прелиминарниот список, до Министерството за образование и наука ул. “Пролет” бр. 1 - Скопје најдоцна до 12.10 2007 година доставуваат:

1. Потврда за редовно запи­шан зимски семестар за учебната 2007/2008 година, како и уверение со бројот на предвидените и положени испити;

2. Потврди за остварените приходи (плата, пензија и др.) на вработените членови на семе­јството, за пензионираните членови испратници од пензија, а за невработените да се достави потврда од Бирото за вработување;

3. Фотокопија од лична карта;

4. Уверение за државјанство на Република Македонија;

5. Индекс на увид;

Висината на стипендија ќе изнесува 5.000,00 денари месечно.

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.

За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и на веб страната на Министерството за образование и наука.