Резултати од Конкурс за доделување на стипендии за ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2011/2012 година

Министерството за образование и наука им соопштува на сите ученици, кои се пријавиле и доставиле соодветна документација соогласно “Конкурс за доделување на стипендии за  ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2011/2012 година”, дека Комисиите за доделување стипендии за ученици од јавните и приватните средни училишта во

 

Република Македонија за учебната 2011/2012 година ги утврди ранг листата со ученици на кои им се доделува стипендија за талентирани ученици - спортисти, стипендија за 80 ученици – деца без родители, стипендија за 50 талентирани ученици,  стипендија за 400 талентирани ученици и стипендија за 50 ученици со посебни потреби.

Кандидатите на кои им e доделена стипендија, потребно е да достават: читлива  копија од денарска трансакциска сметка на име на ученикот  и три пополнети копии од Договорот:

-договор за стипендија за талентирани ученици - спортисти

-договор за стипендија 80 ученици – деца без родители

-договор за стипендија за 50 талентирани ученици

-договор за стипендија за 400 талентирани ученици

-договор за стипендија 50 ученици со посебни потреби  

Горенаведените документи да се достават по пошта најдоцна до 05.03.2012 година на адреса: Министерството за образование и наука, Ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бб, 1000 Скопје, со назнака на пликот “Договор за стипендија за талентирани ученици – спортисти, за стипендија 80 ученици – деца без родители и сл. (се назначува типот на стипендија што кандидатот ја добил)“. 

Министерството за образование и наука ги информира сите кандидати (вклучувајќи ги тие што добиле стипендија и тие што не добиле стипендија) дека за одлуката на Комисијата дополнително ќе бидат известени на домашна адреса. 

За подетални информации може да се обратите на тел. 02-3140-147, Рамадан Османи и Душанка Георгиевска.


Резултатите може да ги видите на следниот линк

Македонски (Macedonia)Shqip

Министер

м-р Панче Кралев

Министер за образование и наука на Република Македонија

iso-9001-2008-mon

Ценовник за оштетени учебници 2011

ucebnici.mon.gov.mk

Контакт и прашања за бесплатни учебници

Акредитирани универзитети и факултети

edulaws logo

 

citizenship1

 

PQ

 

bro

 

edemokratija

 

2 Logo_DIC

 

integriranoobrazovaniegolemfont

 

1000knigi