На Факултетот за ветеринарна медицина денеска е отворена првата Универзитетска ветеринарна клиника во Република Македонија. Објектот вреден 100.000 евра е целосно финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.
Болницата е опремена со современа апаратура, хируршка сала, стационар за мали животни, биохемиска, паразитолошка и микробиолошка лабораторија, како и апаратура за рендген, ехо и ЕКГ дијагностика.
-Болницата ќе овозможи усовршување на академскиот кадар, но и поголема научно-истражувачка дејност. Воедно ќе се создадат услови за изучување, помагање и лекување на голем број животни, активности што досега Факултетот мораше да ги реализира во на некој начин импровизирани услови, изјави министерот за образование и наука Панче Кралев по отворањето на болницата.
Во болницата ќе работи високообучен тим експерти од различни области кој ќе биде секојдневно достапен за сите на кои им е потребна врвна ветеринарна услуга.
Сопствениците на домашните миленици ќе добиваат совети и упатства за нивна нега и исхрана, превентивни вакцинации, контрола на паразити и згрижување на итни и критични пациенти.
Најнови конкурси
- КОНКУРС за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Црна Гора за периодот 2013-2014 година
- КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата
- К О Н К У Р С за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2012/2013 година
- КОНКУРС за доделување еднократни финансиски средства за објавен научно-истражувачки труд во 2012 година
- К О Н К У Р С за доделување на стипендии од Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (Monbukagakusho) на Јапонија за 2013 година



























