Соопштение

Министерот за образование и наука на Република Македонија, м-р Панче Кралев, денес присуствуваше на тркалезната маса на тема „Со едукација и знаење до превенција од сексуална злоупотреба и педофилија“.

 

 Во своето воведно обраќање Министерот Кралев ја истакна сериозноста и ургентноста на се позачестениот проблем на случаи на сексуална злоупотреба и педофилија. Министерот нагласи дека Министерството за образование и наука во континуитет веќе одреден период презема конкретни мерки и активности со цел брзо делување и превенирање на овој сериозен проблем.

 

 image2.jsp

Како дел од мерките Министерот Кралев ги наброја: формирањето на Мултидисциплинарен стручен тим за откривање, следење и решавање на проблемот со сексуалната злоупотреба на деца и педофилија. Подготовката на нов електронски програм кој е достапен до сите основни и средни училиштата и има за цел навремено и ефикасно информирање, брза размена на мислења, предлози,  сугестии помеѓу Министерството за образование и наука, Локалната самоуправа и училиштата. Министерот истакна дека до Координативното тело за справување со сексуалната злоупотреба на деца и педофилија Министерството доставило нови предлози за брзо и ефикасно справување овој проблем.

 

Како мерки и активности кои се во тек на подготовка Министерот го истакна проектот на Министерството за образование и наука во соработка со Заводот за социјални дејности наскоро за формирање на единствената електронска база (евиденција)за појавина сексуална злоупотреба на деца и педофилија во воспитно образовната сфера, кои имаат судска завршница, како и на други, евентуално нови појави кои се уште се во правна процедура. Исто така Министерот Кралев најави дека во тек е доставата на Протоколот за постапување во случаи на сексуална злоупотреба на деца и педофилија од страна на Министерството за образование и наука до сите основни и средни училишта во Република Македонија, подготвен со учество на сите ресорни министерства, институции и граѓански здруженија.

 

Целта на сите овие мерки и активности е да се подигне свеста за овој сериозен општествен проблем, но и да се подобри системот со цел спречување на вакви несакани настани како и ефикасно справување доколку повторно се појави случај на сексуална злоупотреба и педофилија.

 

Зборувајќи за последниот случај на сексуална злоупотреба на ученици од страна на наставник Министерот јасно нагласи дека до сите училишта Министерството подготвило препораки и укажувања со цел да се заштитат децата од вакви немили настани, препораки кои јасно укажуваат на досегашните пропусти при пријавување и справување со случаи на сексуална злоупотреба и педофилија.

Македонски (Macedonia)Shqip

Министер

м-р Панче Кралев

Министер за образование и наука на Република Македонија

iso-9001-2008-mon

Ценовник за оштетени учебници 2011

ucebnici.mon.gov.mk

Контакт и прашања за бесплатни учебници

Акредитирани универзитети и факултети

edulaws logo

 

citizenship1

 

PQ

 

bro

 

edemokratija

 

2 Logo_DIC

 

integriranoobrazovaniegolemfont

 

1000knigi