Активности на министерството за образование и наука

Свечено предавање во употреба на реновираните простории и пуштање во употреба на новиот Брајов печатар во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов-Скопје

На ден 16.05.2012, во просториите на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов”, се одржа прес конференција по повод предавањето во употреба на реновираните простории како и пуштањето во употреба на новиот Брајов печатар.

Повеќе...

 

Мултимедијален настан, претставување на наградените средношколски медиумски производи на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ на тема „Заедно за училишта без насилство“

На ден 10.05.2012, во просториите на „МКЦ“ (Младински Културен Центар), се одржа мултимедијален настан, претставување на наградените средношколски медиумски производи на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ на тема „Заедно за училишта без насилство“. Настанот беше организиран од страна на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука.

Повеќе...

 

Известување за одржување на Осмата Гимназијада–Прилеп 2012

Министерството за образование и наука известува дека денес, 09.05.2012година, министерот за образование и наука одржа прес конференција на која информираше дека од 10 до 12 мај 2012година, во Прилеп, ќе се одржи осмата по ред Гимназијада на училишни спортски игри. Министерот за образование и наука м-р Панче Кралев е покровител на овогодишната

Повеќе...

 

Свечено отворање на новоизграденото монтажно училиште во општина Василево

Министерството за образование и наука на Република Македонија известува дека на 06.05.2012 година во Едрениково, општина Василево, Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за финансии, г-дин Зоран Ставрески, Министерот за образование и наука, м-р Панче Кралев Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов,

Повеќе...

 

Промовиран новиот веб портал на Министерството за образование и наука www.stipendii.mon.gov.mk.

Министерството за образование и наука Ве известува дека денес, 05.05.2012 година (сабота), Министерот за образование и наука, м-р Панче Кралев одржа прес конференција на кој беше промовиран новиот веб портал на Министерството за образование и наука www.stipendii.mon.gov.mk.

Повеќе...

 

Промовирана програмата за талентираните ученици

Министерството за образование и наука на Република Македонија известува дека денес петок, 04.05.2012 година, Министерот за образование и наука, м-р Панче Кралев и Директорката на Бирото за развој на образованието на Република Македонија, г-ѓа Весна Хорватовиќ, одржаа прес конференција на којa се промовираше програмата за талентираните ученици.

Повеќе...

 

Регионална тркалезна маса за предизвиците и перспективите за финансирањето на високото образование

Министерството за образование и наука на Република Македонија известува дека денес, среда 02.05.2012 година, Министерството за образование и наука и Светската Банка организираа Регионална тркалезна маса за предизвиците и перспективите за финансирањето на високото образование. На тркалезната маса покрај Министерот за образование и наука, м-р Панче Кралев и г-дин Евгениј Најдов, вд. Менаџер на канцеларијата на Светската банка во Македонија,

Повеќе...

 

Пилот проект за откривање на студиските афинитети кај учениците

Министерот за образование и наука, Панче Кралев, Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски на конфереција за медиумите го претставија Пилот проектот за откривање на студиските афинитети кај учениците преку пополнување на прашалник во неколку училишта во Република Македонија.

Повеќе...

 

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Македонски (Macedonia)Shqip

Министер

м-р Панче Кралев

Министер за образование и наука на Република Македонија

iso-9001-2008-mon

Ценовник за оштетени учебници 2011

ucebnici.mon.gov.mk

Контакт и прашања за бесплатни учебници

Акредитирани универзитети и факултети

edulaws logo

 

citizenship1

 

PQ

 

bro

 

edemokratija

 

2 Logo_DIC

 

integriranoobrazovaniegolemfont

 

1000knigi